Случај „Беса транс“: Причините за несреќата се знаат, сега Бугарија бара роднините да кажат зошто загинатите патувале со автобусот

Од:

Предметот за причините за автобуската несреќа на автопатот Струма во која загинаа 45 македонски државјани е затворен. Бугарското обвинителство бара од колегите во Македонија, да разговараат со семејствата на загинатите за да ги дознаат причините поради кои нивните блиски се решиле да патуваат со автобусот на „Беса транс“. Воедно, треба да ги известат и дека можат да извршат увид во предметот кој се водеше во Бугарија, а според кој, возачот е виновен за несреќата. Од македонското Обвинителство за „А1он“ велат дека заедно со МВР се прават напори да се лоцираат семејствата, но дел од нив не живеат во Македонија.

„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје преку Министерството за внатрешни работи – СВР Скопје прави напори да ги утврди и лоцира наследниците, од кои дел не живеат во нашата држава, и ги информира за нивните права согласно бугарската кривична постапка. Дел од нив се уште не се изјасниле за причините за патување на починатите или таквите причини не им се познати“, велат од скопското Обвинителство за „А1он“.

Во однос на тврдењата на дел од роднините на загинатите, дека недостасуваат лични предмети како што е златен накит, од скопското Обвинителство велат дека семејствата се известени каде можат да се подигнат.

„Дополнително, јавниот обвинител, по барање на бугарските истражни органи, ги извести и ги предаде личните работи од најголем дел од починатите патници на нивните семејства. Еден мал дел од семејствата, од лични причини, не ги примиле предметите, иако се известени каде можат да ги подигнат“, додаваат од скопското Обвинителство.

Во автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија, што се случи на 23 ноември, загинаа 45 лица, од кои 12 деца, а седуммина беа повредени. Тие се враќале од туристичко патување во Турција. Заменик-главниот обвинител Борислав Сарафов изјави дека причината, според истрагата, е губење на контролата на автобусот од страна на возачот и пребрзото возење.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет лица загинаа во автобуска несреќа кај Лајпциг

Горан Наумовски

Пресудата не може да опстои, лажна исправа не е изработена, вели адвокатот на сопственикот на „Беса Транс“

За несреќата надлежно е бугарското обвинителство, овој предмет е за фалсификување на исправата, вели обвинителот во предметот „Беса Транс“

Година и осум месеци затвор за сопственикот на „Беса Транс“

Горан Наумовски

Пресудата за случајот „Беса Транс“ ќе биде објавена на 7 март

А1он

Пресудата за „Беса Транс“ ќе биде објавена на 7 март