Словенечко „Дело“ за Скопје 2014: Македонски Дизниленд или барок кич

Од:

Скопје е како тематски парк: десетици нови скулптури, групирани во центарот на градот, и трошоци кои скокнаа до една милијарда евра.

Ова е македонскиот Дизниленд!

Вака пишува словенечко „Дело“ за проектот „Скопје 2014“ во текстот потпишан од новинарот Лидија Павловчиќ, која забележува дека туристите кога доаѓаат во центарот на градот, се нападнати од „армија“ на бронзени и мермерни скулптури групирани околу плоштадот.

„Апсолутен победник е 14 метарската висока бронзена скулптура на воинот на коњ. Поставен на десет метарски цилиндричен столб и фонтана опкружена со осум бронзени војници и лавови. Војниците се високи три метри, а лавовите половина метар помалку“, пишува „Дело“.

„Сцената ја достигнува својата кулминација навечер, кога водата од фонтаната наизменично ја менува бојата од сина во зелена црвена и жолта. Не недостасува и музичка подлога, за која се има впечаток дека во ритам ја менува бојата. Официјално наречен Скулптура Воин на коњ, неофицијално секој знае дека се работи за Александар Велики, наречен Македонски, но Македонците не сакаат да ги иритираат Грците.

[nggallery id=19]

Македонскиот плоштад со доминантната скулптура на Александар, која се постави во септември минатата година на дваесегодишнината од македонската држава, е опкружена со голем број на други статуи. Исто така, тука се и устолничен на тронот Цар Самуил и Јустинијан I, коњаникот Гоце Делчев и Даме Груев и други. Исто така постои павилјонот за заљубените, во средината наменет за фотографирање на младенците. Преку реката Вардар кон Александар гледа неговиот татко Филип, а до него се фигурите на Светите Кирил и Методиј и уште две на посебен пиедестал – Свети Климент Охридски и Наум“, пишува во словенечкиот весник.

Проектот без позната цена

„Од Александар погледот оди кон новата и со светло бела боја ,Порта Македонија“. Скулптури растат и на новите мостови на Вардар, во близина на познатиот Камен мост. Дури ни реката не остана без статуа. Под мостот е скулптура на жена која се подготвува да се фрли во водата со бронзен костим за капење, но по се изгледа нема за долго да остане сама.

Во близина, во средината на реката Вардар, се планира да се постави огромно ротирачко тркало, слично на она во Виена. Сите нови статуи дури и не може да се избројат, а камоли да им се знае името. По должината на главната улица на речиси секои пет чекори има нови споменици, на пример бронзени шмизли како зборуваат. Ете и просјак, седи како мислител, бронзен чистач на чевли и Весел млад човек.

Новиот имиџ на Скопје, е обележан со околу 80 статуи веќе поставени, но тоа е само дел од приказната, посебно од проектот Скопје 2014. Поголем и помегаломански е делот со новата зграда, главно во Вардар, изградена во нео-класичен стил. И тоа во 21 век! Се очекува да бидат изградени дваесет нови владини згради и музеј и филхармонија. Министерствата за финансии и за надворешни работи, Судот, Агенцијата за електронски комуникации, Градското собрание и други институции ќе бидат преместени во новите простории со антички изглед. Дел во мозаикот за создавање на ново Скопје од јуни оваа година се и црвените, двоспратни градски автобуси, слични на оние во Лондон. Но уште поинтересно е што покрај лажниот изглед тие не се британски, туку кинески“, наведува весникот.

„Колку чини проектот Скопје 2014, кој беше инициран од страна на Владата на Никола Груевски, претседател на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, не е познато за јавноста. Ниту владата, ниту општината Центар не кажуваат. Во февруари 2010 година, Владата за прв пат со видео порака се обрати до јавноста, но од тогаш информации се ретки и затоа денес целокупната слика за проектот, особено во финансискиот дел не е јасна. Првичната проценка од 80 милиони евра за проектот, по нешто повеќе од две години според шпекулациите скокна на околу 500 милиони евра, а во последно време сумата се движи и до една милијарда долари. Јавната и демократска дебата за смислата, целите и трошоците на проектот не беше можно да се знае“.

Јапонците се восхитуваат на Александар

Може да се открие дека проектот има голем број на следбеници, по површното набљудување и спонтаните разговори. Многу граѓани и семејства со мали деца се собираат на централниот плоштад во близина на фонтаната. Средбата кај Александар е новата лозинка за романса. Тие меѓу другото се шармирани од убавината на скулптурата и веруваат во славното минато како и дека и тоа дека на Македонците ќе им ја зајакне свеста и идентитетот. Како аргумент за тоа наведуваат дека земјотресот во 1963 година уништил речиси 80 проценти од градот, вклучувајќи и голем број на неокласични згради, па затоа и треба да се заменат со нови. Посочуваат дека и проектот Скопје 2014 го покренало меѓународното признавање на Македонија, што се рефлектира во значително зголемен туристички посети на Скопје. Не е невообичаено да се видат Јапонците со камери натуткани околу споменикот на Александар, Австријци, Италијанците и Турците.. Очигледно главниот град по посетата на странски туристи го засенува водечкиот Охрид.

Последица од проектот е поделбата на јавното мислење, околу половина го бранат, а другата половина, главно образовани, се противници. Несогласувањето можеби само малку потсетува на своевидната поларизација во 2000 година, кога на ридот над Скопје беше подигнат речиси 70 метри високиот Милениумскиот крст. Во тоа време жителите на Скопје муслиманите негодуваа зошто и тие немаат толку еминентен симбол како христијаните“, пишува „Дело“.

Рецензенти: Ова е перверзно!

„Сепак, улицата или чаршиските приказни нема да останат единствен извор за да се создаде впечаток за контроверзниот проект Скопје 2014. Замолив со e-mail во скопската општина Центар, како еден од столбовите на проектот, за официјално објаснување. Јас не добив никаков одговор. Меѓутоа, на поканата за интервју одговори Даница Павловска, претседател на македонските архитекти, кој има 2000 членови. Мислењето претставува јавен глас на критичните професионални архитекти, урбанистите и планерите“, напиша авторот на текстов.

“Големина на проектот Скопје 2014, е мега, ако се имаат превид можностите на државата. Тоа е одлука во која јавноста не учествуваше. Нашето здружение верува дека проектот е премногу скап и се упатува кон тоа дека Владата следи одредени популистички цели, а тоа е докажување на идентитет што е бесмислено.”, изјави Даница Павловска.

Видеото за планираниот проект внесе ужас во професионално здружение на архитекти, па тие свикаа вонреден состанок на кој усвоија декларација и иницираа уставна ревизија.

Даница Павловска: “Владата тврди дека го саботираме проектот а ние само бараме дијалог. Проектот е професионално неодржлив, му недостасува тајминг, економски, географски, политички, културен и социјален контекст. Тоа е напад врз постоечките структури во градот. Камениот мост, кој е белег на градот е уништен од страна на овие интервенции. Најтрагичното е сепак, што бараат од архитектите да градат во барок стил. Ова е ограничување на креативна слобода. Ние сите знаеме дека барокот не му припаѓа на овој простор“.

„Според нејзиното мислење статуите се поставени стихијно , што не е изненадувачки, бидејќи истата владина агенција која ги подготвува понудите за тоалетна хартија, не може да се исполни и барањата за статуи.

“Значи имаме нов мост, наречен како Мост на уметноста на кој има 28 скулптури. Другиот нов мост е наречен „Око“ и сега го санираат “, коментира Павловска. Тоа е напад на постоечките структури на градот. На пример: Новиот објект за водовод и канализација ќе биде изграден по барање на инвеститорот во стилот на барок..”Тоа е перверзно!”, пишува во словенечкиот весник.

„Сумирано, највознемирувачкиот аспект на проектот е дека тој е конспиративен, за кој ниту архитектите немаат инфорамции. Планиран е да има 120 скулптури, но никој не ја знае прецизната бројка, бидејќи информациите не се јавни.

Најболната точка на проектот е фактот дека тоа е кич.

“Ние Македонците си имаме свој идентитет, нам не ни треба лажен, псевдо идентитет. Сето ова ни предизвикува дискретна болка. Жал ми е што сум сведок на ова случување,  но јас сум беспомошна”.

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

A1on

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ

СДСМ: Со години ДПМНЕ переле пари преку Скопје 2014 врз грбот на народот

Куќен притвор за Владимир Тодоровиќ

Катерина Ѓуровски