Некаде по котлините утре ќе биде магливо. Преку денот ќе биде значително облачно, со повремен дожд поинтензивен во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од минус еден до пет степени, а максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11 степени.
Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), најавуваат дека во следните денови ќе преовладува значително облачно време, на места со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до повремено засилен ветер од југоисточен правец, особено изразен во недела.
Температурите ќе бидат во пораст, особено за време на викендот, кога ќе има и сончеви периоди. Пообилни врнежи ќе има во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник претпладне.