Славески: ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за избори

Од:

ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за избори. Уставните измени се апсолвирани и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да ги гласаат. Ова вечерва  го изјави членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за финансии Трајко Славески.

Пред седницата на ИК на партијата, Славески рече дека ќе разговараат за вонредните парламентарни избори и за термините за нивното одржување: 25 ноември, 2 декември, 9 декември  или на пролет.

– Првото прашање е подготовка на партиската инфраструктура, кое е почнато. Второто е  подготовка на иновативната програма  со која ВМРО-ДПМНЕ ќе  настапи на  вонредните парламентарни избори макар тие да се одржат за месец и пол од овој момент. Ние сме во завршна фаза на подготовката на програмата. Има многу новини, проритет повторно е економскиот раст, мерки за подобрување на животниот стандард на граѓаните, изјави Славески.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

Славески: Најдобрата опција е ова што го правиме – заштита на имотот и штедните влогови на граѓаните и продажба на „Алта банка“ АД Битола

А1он

Народна банка: Oд следната недела лимитoт за подигање готовина и плаќања се зголемува од 10.000 на 15.000 денари

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање