Слаб снег на Шапка и Стража

Од:

Слаб снег провејува на Попова Шапка и на планинскиот превој Стража, додека во Дебар врне слаб дожд. Сообраќајот на сите државни патишта се одвива  без забрани и застои, по влажни коловози, информира Автомото сојузот на Македонија.

Според информација добиена од МВР, денеска од 8 до 22 часот во целосен прекин е сообраќајот при влез и излез од Грција на граничниот премин Меџитлија,  поради штрајк на грчките земјоделци.           

Утрово од 10:10 часот од страна на такси возила  и автобуси , целосно е блокиран сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ на влез-излез од Македонија на  дел од автопатот Гевгелија- ГП„Богородица“, во близина  на бензиска пумпа „Шимов“. Истиот неофицијално ќе трае околу 2 часа, стои во соопштението на АМСМ. 

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска