Скопското Кале останува затворено за посетители

Од:

Затворено за сите посетители! Иако Директорот на Управата за заштита на културно наследство Паско Кузман, за А1 негира дека Калето било затворено за туристите, се чини одамна не поминал овде. Оваа табла несомнено ги брка туристите кои сакаат да го видат најважното културно богатство во Скопје.

Посебната дозвола за влез во тврдината, дополнително ја отежнува состојбата. За градските власти, кои туризмот се повеќе го поставуваат како приоритет, тврдината над Скопје не била во нивна надлежност. Нивна обврска биле улиците, па еден милион евра ќе се потрошат на реконструкцијата на „Самоилова“, која води директно пред Калето.

Улицата треба да биде завршена за 4 месеци, но се чини не и Калето. Според Паско Кузман, во моментов се прават археолошки истражувања, а се чека и на тендерите за обнова на Отоманската кула и реставрација на црквата од средниот век.

Временска рамка нема, за непречен влез во Тврдината прво ке мора да завршат сите градежни активности, вели тој.

Во мегувреме, посетителите, посебно оние од странство, остануваат и збунети и зачудени од градот кој од петни жили се труди да развива туризам.

Тврдината на Скопското Кале, целосно беше затворена лани од страна на полицијата, поради инцидентот во кој со камења и тупаници две групи го искажаа своето незадоволство од изградбата и од уривањето на црквата-музеј.

Случајот беше расчистен, полицијата се тргна од влезот, но чуварите и таблата остануваат.  До кога?

Надлежните молчат.

Јасмина Јакимова

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

Орце Костов

Гори на скопско Кале

Катерина Ѓуровски

Тодоровиќ потпишувал и група од 15 лица переле пари преку Италија – со Воинот на коњ, лавовите проневериле над 16 милиони евра

Анита Петровска Рајковиќ

Град Скопје не добил допис за потпорниот ѕид на Скопското Кале, одговорност од НУ „Конзерваторски центар“

ВИДЕО: Пожар на скопско Кале

Катерина Ѓуровски

Уништени таблите на кои пишуваше дека Филип и Аминта се Хелени

Искра Манојлоска