Скопје утрово со најниска температура, Охрид најтопол со 4 степени

Од:

Најниска температура во Македонија утрово од минус 9 степени Целзиусови е измерена во Скопје, а најтопло со четири степени над нулата било во  Охрид. Метеоролозите најавуваат нов снег од утревечер.

Според информациите на УХМР во Тетово утрово било  – 8, во Битола и Прилеп  – 6, во Штип и Берово  -5, во Крива Паланка, Демир Капија и Струмица – 4, во Гевгелија – 3, во Виница – 2, Лазарополе и Маврово – 1,во Крушево  0 и во Претор 3.

Најмнову снег од 40 сантиметри има во Маврови Анови, 32 во Лазарополе, 21 во Крушево, 20 во Пожаране, 18 во Ѓуриште, 12 во Охрид, 10 во Тетово и Претор, 6 во Битола, Прилеп и Тополчани, 4 во Крива Паланка, Скопје и Пожаране.

Утринава во земјава времето кон север е претежно облачно и студено. Кон југ и на повисоките места температурите се повисоки и таму дува претежно умерен западен ветер.

Метеоролозите за денеска најавуваат променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен, претежно западен ветер. Во северните делови ќе има појава на слаб повремен дожд.

Максималната температура ќе биде во интервалот од 4 до 11 степени.

Во Скопје умерено до значително облачно со услови за појава на слаб повремен дожд и со слаб до умерен северозападен ветер. Температура до 4 степена.

Во недела кон крајот на денот нашето подрачје ќе потпадне под влијание на нов влажен и студен бран, кој во вечерните часови ќе предизвика најпрво врнежи од дожд, а преку ноќта кон понеделник врнежите ќе преминуваат во снег.

Во утринските и претпладневните часови се очекуваат пообилни врнежи од снег, особено во западните делови, каде снежната покривка ќе биде позначителна. Ќе дува засилен северен ветер, кој ќе формира снежни наноси и ќе предизвика нагло опаѓање на температурата.

Бранот брзо ќе се преместува кон исток па во понеделник од пладне, сончеви периоди ќе има најпрвин во западните делови од земјата но ќе продолжи да дува умерен до засилен северен ветер. Попладне врнежите ќе престанат насекаде, а во следните денови времето ќе биде стабилно.

Во недела дневната температура ќе се движи од 7 до 15, а во понеделник ќе биде значително пониска и во интервал од -1 до 4 степени. Од вторник повторно следува стабилизација на времето.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска