А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Скопје Сити Мол ги отфрла обвинувањата за дискриминација по национална основа

by А1он20/03/2013 - 16:29183
Share0

Скопје Сити Мол, по јавно изнесените обвинувања од страна на фирмата Лендсервис, која ја одржуваше хигиената во трговскиот центар, во целост ги отфрла тврдењата на Лендсервис дека од страна на Скопје Сити Мол е направена каква било дискриминација на нивни вработени, а посебно не дискриминација по национална основа, врз припадниците на ромската националност.

Добивај вести на вибер

Вистинската причина заради која Лендсервис во јавноста ги пласира овие лажни конструкции лежи во фактот што Скопје Сити Мол ја прекина соработката со оваа компанија. Поради исклучително нискиот квалитет на нивните услуги и бројните поплаки од посетителите и закупците на Скопје Сити Мол, соработката е прекината и на нејзино место е ангажирана друга компанија. Злонамерните и лажни обвинувања доаѓаат веднаш откако беше прекината соработката заради неквалитетните услуги на Лендсервис, велат од трговскиот центар.

Скопје Сити Мол, согласно својата организациска поставеност, е еклатантен пример на мултинационален комерцијален проект. Во трговскиот центар Скопје Сити Мол работат припадници на многу националности, не само од Република Македонија, туку и од други држави од Балканот. Со ова, уште еднаш потенцираме, дека ваквите обвинувања се целосно неосновани и лажни. За да го заштити својот углед, Скопје Сити Мол е принуден да поднесе тужба против фирмата Лендсервис и сите кои на овој начин го рушат угледот на компанијата. Апелираме до јавноста да не наседнува на ваков вид на провокации и ширење на невистини кои се изнесени од приватна фирма исклучиво за остварување на нејзини бизнис интереси, стои во реакцијата.

siti mol

Би можело да ве интересира

Кривичен суд: Граѓаните имаат право да протестираат, но пресудата за сообраќајката кај „Сити мол“ не е правосилна, подлежи на проверки

А1он15/04/2022 - 13:5015/04/2022 - 13:50

Редици во „Сити Мол“, попустите поважни од мерките против коронавирусот

А1он27/11/2020 - 19:0227/11/2020 - 21:54

„Сити мол“ ги отвори вратите, граѓаните со заштитни маски навалија во дуќаните

Горјан Грнчаровски15/05/2020 - 12:1915/05/2020 - 12:20

ВИДЕО: Цветанка Ласкова и Лила Филиповска се придружија на хуманитарната акција во „Сити мол“

Наум Локоски26/12/2017 - 17:2726/12/2017 - 17:46

ВИДЕО: Хуманитарна акција во „Сити мол“, помогнете на социјално загрозени семејства

Наум Локоски23/12/2017 - 18:4923/12/2017 - 19:18

Невладиниот сектор повикува на бојкот на Скопје Сити Мол поради инцидентот со Ромите

Емир Латифовиќ26/03/2013 - 15:3527/03/2013 - 14:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен