Скопје 2014 во рацете на Јавното Обвинителство

Од:

Првичната ревизија на прокетот „Скопје 2014“, кој го подготвија поранешните претседатели на Антикорупциската комисија, од , денеска ќе биде во рацете на обвинителството.

Градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски лично ќе го однесе документоти како што вели, се надева дека обвинителството и судот нема да потпаднат под политички влијанија и дека ќе ги санкционираат сите констатирани кршења на Законите.

Ревизијата констатира голем број неправилности и тоа од самиот почеток на постапката. Плаќано е повеќе отколку што било предвидено, во четири очи биле договорите за износите, некои од спомениците се уште не се поставени иако се платени, избрани се едни, а договорите се склучени со други автори.

Според Тасева и Малинковски, споменикот на Методија Андонов Ченто требало да чини неколку илјада евра, но за него се потрошени 1 милион евра.

Споменикот на Никола Карев, поставен пред Собранието на РМ, требало да се направи од бронза и да чини 5 милиони денари, но потоа со нова одлука и со потпис на тогашниот градоначалник Тодоровиќ, сугерирано е да се направи од мермер за цена од 45 милиони денари. Сепак, секој што ќе помине пред Собранието, може да види дека скапо платениот споменик сепак е направен од бронза.

По три месеци ќе следува комплетна ревизија од Комисијата за „Скопје 2014“, а наредниот месец и Државниот завод за ревизија влегува во чешлање на документацијата.

Би можело да ве интересира

Арсовска го врати споменикот на Андон Лазов Ќосето

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

A1on

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ

СДСМ: Со години ДПМНЕ переле пари преку Скопје 2014 врз грбот на народот