Владата ќе гради стилска деветкатница во која ќе се сместат станбеното претпријатие, Државниот завод за ревизија и Геолошкиот завод, објави порталот Build.
„Скопје 2014“ ќе се прошири и на „Бихаќка“. На само неколку чекори од седиштето на зградата на опозицискиот СДСМ и живеалиштето на премиерот Никола Груевски.
Во согласност со Деталниот урбанистички план за овој дел од центарот на Скопје, новиот административен објект со висина од 25 метри е планирано да се гради на парцела со големина од 1.899 метри квадратни.
Предвиденото здание со приземје и шест ката ќе има вкупна површина од 8.027 метри квадратни, при што 51% од просторот треба да биде наменет за трите државни институции, додека останатиот дел може да биде наменет за комерцијални и деловни дејности.
Објектот на Геолошкиот завод во изминативе неколку години претставуваше алтернативен пункт за организирање на многу изложби на домашни и странски ликовни уметници.