Скопје 2014: Архипорнографија, бизарност, лаги и мемориски картички

Од:

Група млади луѓе, за Нова година престојувале во Скопје. Еве ги нивните видувања за проектот „Скопје 2014″, пренесени на „Неблог“, под наслов „Скопје – Архипорнографија, бизарност, лаги и мемориски картички“.

Еве што меѓу другото пишуваат:

„Скопје 2014“ е проект кој се обидува, Македонија, Скопје и Македонците национално да ги дефинира во духот на балканското лудило на новоформирани нации. Така Македонците се антички народ со богата култура и историја. Не сакам да кажам дека Македонците немаат култура, но претерано е да се оди до антиката. Додуша и Србите нели беа најстар народ?

Целиот проект е брцање в око на Грција. Некои можеби можат тоа да си го дозволат, но Македонците не, затоа што како и сите на Балканот, немаат пари и оружје за то. Да биде бизарноста поголема, цената на овој „проект” е половина милијарда евра и веројатно ќе расте. Оние крстови кои од непознати причини се прават и градат по Србија, заедно со спомениците на Роки, Марли, Брус-Ли не можат да изгледаат толку смешно како Скопје.

Проектот „Скопје 2014” беше и наша цел, зошто мора да се види за да се поверува. Ова е туристичка атракција која е толку бесмислена, што е презабавна.

Целиот ансамбл оплеменет со антика изгледа како Дизниленд. Апсолутна мешавина на се што можело да се измеша бучкуруш, преплет на се што можело да се измеша, а се измешало. Не само што се градат нови „антички“ згради и споменици, туку се антиквизираат и постоечките објекти во Центарот на градот.

На шокираноста и неверувањето му нема крај. На бизарноста и нема крај. На мостот, куп уметници, еден до друг, личи дека кога целиот проект ќе се заврши и ќе почнат да се превртуваат во гроб, на Скопје сериозно ќе му се закани уште еден земјотрес.

most na umetnosta

Кога ќе се види бројот на уметници, помислувате дека сте во Италија, само опери и оперети, класика и возвишеност.

Самиот брег на Вардар е тема за психолози, таму има палми! Да, засадени палми! А на среде река стојат три кутиии од метал. Во секоја е посадено дрво и на секоја има натпис: Љубов, вера, надеж. Смеењето и солзите не можевме да ги сокриеме од двете скулптури, една капачка и една на која само нозе и се појавуваат од вода.

vrbikapacka

Се приближуваме на главниот плоштад. Лево споменик „На гемиџиитие”, преку мостот десно откриваме нешто што ѕирка од зградата. Колку повеќе се приближуваме, сфаќаме дека тоа е тупаница, па гледаме глава и нозе„Јбт, Филип Македонски, не не верувам!”, рече некој.

filip

„Здраво сине Александре! Да, тоа е Филип Македонски, кој го поздравува синот Александар. И тука огромниот Александар на коњот Букефал, е тука веќе не можевме да се воздржиме и почнавме гласно да се смееме. За да биде покомплетно, под Александар и Букефал и држачот за торта се наоѓаат комплетно опремени антички командоси – антички македонски војници, а околу нив лавови“.

Александар, војници, лавови – се заеедно во фонтана!

aleksnadar 1

Тука е и споменикот на Јустинијан Први, кој нема никаквa врска со Македонија, освен што во тоа време оваа територија и припаѓала на Византија. (Тука направив грешка – Јустинијан е роден на територија на денашна Македонија, во село Таор). Го кодифицирал римското право, ама ги укинал и сите антички философске школи, вклучувајќи ја и Платоновата. Не треба да се ситничари, туку да се има хиперпродукција на споменици.

justinijan

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Александар Велики, Олимпија и Филип Втори добија ознаки од грчката историја

Галена Николовска-Ризвановиќ

ФОТО: Олимпија фати морбили

Ана Ололовска

Обвинителството почна истрага за изградбата на мостот „Око”

Ана Ололовска

Јутарњи лист: Дрскоста на фалсификувањето на Скопје би ги шокирала и нескромните

Ана Ололовска

ВИДЕО: Започна поставувањето на бројчаникот на Порта Македонија

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Муареми: Тодоровиќ ја плати штетата од 433 илјади евра на општина Центар

Ана Ололовска

27 comments

Оливер 01/02/2013 - 22:15 at 22:15

се гледа од зборовите напишани во коментарот и изразуваата и буквите дека ова е омаловажувае на МАКЕДОНСКАТА историја и треба да одговара уредникот за навредите нанесени врз Македонската иторија и Македонскиот народ впрочем и јас се чуствувам навреден од овој квази новинар кој треба да биде казнет за нарушуваето на угледот. СРАМОТА!!!! за овој новинар треба караџорџе да биде меѓу овие споменици за да биде во ред нели?

Reply
Srbin 02/02/2013 - 01:59 at 01:59

Не навлегувам во анализа дали тој што го пишувал текстот бил Србин (изгледа така ти си заклучил, спомнувајќи го Караѓорѓе, ама за тоа после), туку да те да прашам: Ти се најде да критикуваш? Прво се описмени – придавка Македонска се пишува со мало “м” за разлика од “караџорџе” – кој се обидуваш да го минимизираш со мала буква, иако тоа е име (или не знаеш да правиш разлика помеѓу име и придавка?). Покрај тоа, правиш класична грешка на еден неписмен и необразован – правилно е Караѓорѓе, а не Караџорџе. Немој молим те да испадне уште Карахорхе?! А што се однесува до проектот Скопје 2014 – тоа чудо треба да биде една од најважните научно-образовни екскурзии на сите студенти по архитектура од целиот свет.

Reply
dalibor 02/02/2013 - 23:24 at 23:24

oliver nikade ne spomena deka tekstot go pisuval srbin.za zal nas novinar go pisuval no go izmisluval,a ne deka nekoj od strana bil vo sk i se smeel kako sto on pisal tuka.e sega jas pisuvam so mali bukvi namerno zatoa sto se gleda deka ti komentiras ovde na sajtov so poveke razlicni iminja, a toa se poznava po nacinot na koj pisuvas i po toa sto vednas se fakas za pismenost i za mala golema bukva

Reply
Tomi 02/02/2013 - 08:44 at 08:44

koja makedonska istorija be druze nasata oficijalna istorija pocnuva od 1945 pa navamu drugata e samo rekla kazala posto knigite gi nema nigde.Mozeme da se udarame u grudi kolku sakame ama pred 1945 ni ja nema istorijata.

Reply
pank 02/02/2013 - 09:45 at 09:45

Си имаме ние прекрасна историја пред 1945 година – ама како Б’лгари! Е сеа, најтажно и најмизерно од се’ е тоа што на мнозинството вардарски Македонци им се мозоците испрани да се срамат од своите б’лгарски корени. Сега веќе на целиот свет му е јасно ова и цел свет ни’ се смее…

Reply
Калимеро 01/02/2013 - 22:29 at 22:29

И покрај тоа што е човек и што има сопствено мислење, јас мислам дека тој мора да се казни со тоа што Оливер ќе му одржи една „античка патриотска“ лекција во стотина чекори па и дополнителни или надградени со опинок (ако не разбира авторот). А после тоа, одкако ќе направиме уште еден ист Оливер можеме да не мислиме како ова фијаско ќе го отплаќаме.

Reply
ortak 01/02/2013 - 22:57 at 22:57

do oliver,ova neli e vistinata pa samiot proekt 2014 ne omalovazxuva ?pa zatoa i stoime vo isto mesto,a dodeka na sprotivnata strana drugiot pliosxtad e seuste po omalovazxecki .

Reply
EU 01/02/2013 - 23:21 at 23:21

Sto bi rekle komsiite “pojede me tuga sramota”

Reply
Aleksandar 01/02/2013 - 23:21 at 23:21

g.Oliver,znaete li koja e vrskata na sovremenite i antichkite Makedonci.Ochigledno neznaete.A dali ja znaete vrskata na antichkite Grci so antichkite Makedonci i toa ne go znaete.A dali ja znaete potrebata na odredeni zapadnoevropski kulturi zoshto veshtachki go povrzuvaat Aleksandar i Filp so Grcija i toa ne go znaete.Na krajot da Ve prasham dali go znaete svojot sopstven jazik,na koja grupa jazici pripagja,sigurno neznaete.Edno e Istoriska i Nauchna vistina drugo e politika.Imaj ja na um Gemanija pod nacizmot, koja site koi ne veruvaa vo izmislenite legendi za arievcite gi prakjashe vo logor.Otvori ochi,nauchi,pa posle donesuvaj zaklichoci.Sfati go ova kako dobronameren sovet.
p.s.
Se pishuva”Караѓорѓе” ….so golemo K.

Reply
aleksandar makedonski 01/02/2013 - 23:39 at 23:39

Novinar kakov novinar e toj pa toj dali znae da se potpise a ne novinar da bide. Rekle nekoi mladi pa imat li ime tie mladi luge i kako bas tebe te nasle dati se pozalat i na kraj ako ne tise sviga makedonija iseli se be batka

Reply
Е не сакам да се селам 02/02/2013 - 08:55 at 08:55

Поради вас квазипатриоти, што мислите дека имате ексклузивно право на државјанство македонско, па ќе селите оттука кого сакате, а покрај тоа сте и неписмени и невоспитани, нормален човек не може да опстане без многу знаење, труд и воља. Тоа е она што вие го немате. И тоа ве боли. Многу.

Reply
Ljupco 02/02/2013 - 00:28 at 00:28

Koga ke vidime koi seljaci go gradele ova, ne treba nisto da ne cudi.

Reply
seirdzija 02/02/2013 - 00:58 at 00:58

Abe Oliver zarem za gluposta na ovaa vlada ti e kriv novinarot???Pa ajde kazi kade u svet ima vakov kic i park na spomenici???Vo uslovi na teska siromastija vo drzavata da se frlaat pari???Abe da vlozese vladata pari u pceli i kravi barem med i mleko ke tecese niz Makedonija…pa barem ke lizevme prsti,a vaka vo g…..i pa ajde sega bidi maz pa lizi prsti…

Reply
Горан 02/02/2013 - 07:42 at 07:42

Kolke e realen ovoj tekst

Reply
Dobromir 02/02/2013 - 09:33 at 09:33

…абе има ли поголеми менталци,психопати и негатори од овие млади сдсм ( овци ) на овој бел свет ???…кој го средил Скопје да личи на град-ВМРО…кој му изгради стадион,сали,булевари и споменици за да го препознавате идентитетот македоски кој што вам рака на срце не ви се допага туку го преферирате префисот – Елада пак ВМРО…што градеше СДСМ во претходниот период-АПСОЛУТНО НИШЧО…

Reply
lisav 02/02/2013 - 10:00 at 10:00

Vidi sega, sto da komentiram koga Aleksandar napisa se. Samo da dodadese uste nesto za kopucite sto se doselija vo Skopje

Reply
Gorila 02/02/2013 - 14:28 at 14:28

Кога ние не сме способни да ја видиме реалноста од заслепувачкото лудило во кое оваа власт не втурна, тогаш реалноста која е многу болна, а ќе биде уште поболна ќе треба да ја чуеме од надвор. Бизарноста на овој проект неможе да се опише и секое барање на барем малку рационалност во него е невозможно. Овој проект ќе послужи и за студентите по архитектура и за студетнтите по психологија и тоа како многу, многу лош пример.

Reply
Nikola 02/02/2013 - 15:28 at 15:28

Jas kako arhitekt se sramam od ovoj KIC proekt. Tocno,mozebi ke donese turisti koj na zalost ke ni se potsmevaat za glupostite i osakatuvanje na centarot na Skopje.Ovoj sramen proekt e definitivno Vtor katastrofalen zemjotres na nasiot grad.

Reply
dalibor 02/02/2013 - 23:19 at 23:19

ti ili ne si arhitekt ili uste studiras za da bidis arhitekt no uste odsega se gleda deka si beznadezen

Reply
Владе 02/02/2013 - 19:24 at 19:24

И јас сум архитект, школуван тука, во Скопје, и не ми е јасно кои се моите “колеги” -гнаси, што придонесоа кон овој неизбришлив срам за градот и државата. Со сето мое искуство, дочекав надвор од границите на РМ и студенти на архитектура да ме гледаат со подсмев кога ке кажам од каде доаѓам

Reply
dalibor 02/02/2013 - 23:20 at 23:20

sram e samo za tebe i mal broj na kontrasi kako tebe sto samo napagaat,a site imaat sliki od centarot vo arhiva i site ako nekoj mu dojde na gosti go nosat na centarot. e sega dobro ako predhodno kockite i dvete klupi bea podobro resenie spored “arhitektot” vo tebe vo toj slucaj ok opravdano e

Reply
Arman 03/02/2013 - 21:50 at 21:50

Ama si dosaden be Dalibor… preseli se na plostad ako tolku ti se sviga. Zosto sve nekoj drug da se seli? Preseli se ti na plostad… otstapi mu go stanot tvoj udoben na nekoj siromasen makedonec. Bidi solidaren… ako tolku znaes i ako tolku ti e dobro. Bilo vaka. bilo onaka… zakuti, ne li gledas deka poveketo ne se slagaat so tebe. Breeeee….

Reply
Vilen 02/02/2013 - 21:39 at 21:39

Во последно време има многу вакви порачани текстови за омаловажување на се што е македонско. Најмногу на тоа се радуваат соседите. Во овој проект има некој работи и мене што не ми се допаѓаат, кога се напаѓа комплетно целиот проект, мора да постои доза на омраза.
Омразата се гледа и со исмејување на споменикот под Камениот мост за едната капачка и за другата на која нозете и се гледаат. Современ споменик, со современа идеја, во современ стил. Ви смета, односно се смеете, по конкретно не знаете што сакате да кажете со овој текст.

Reply
Поента 02/02/2013 - 22:46 at 22:46

Па во тоа е и поентата. На почетокот имаше интересни споменици (свирачи, шмизла, чистач на кондури …) и евтини. Па потоа дојдоа познати македонски херои, кои ги протнаа преку опшина Центар на плоштад како споменици од локално значење. Ама сите тие се најдоа на мета на потсмевање на цел свет поради грандизно и мегаломанско лудило што дојде потоа и што го осиромашува народот.

Reply
або 03/02/2013 - 20:58 at 20:58

Современ споменик …современа идеја ???!!! НЕМА такво нешто, нема “современост” во областа за која даваш свое мислење. Тука НЕМА свое мислење.

Reply
Rase 03/02/2013 - 10:19 at 10:19

Koj so saka neka kaze mene plostadot porano mi bese mnooooooooogu poubav.

Reply
vera 22/04/2013 - 13:37 at 13:37

Не само што се изградено е чист кич, туку го има премногу. Фрустрираниот Пастир се што видел ,лично или на фотографии, во главните градови низ Европа, сакал да го донесе на плоштадот.Ќе добиеме панорамско тркало како во Лондон, карузел како во Виена, неокласицизам како во повеќето градови, но изградени пред стотици години. Позлатени огради на мостови ,водоскок со музика како во Шпанија итн.Мене не ме вреѓа напаѓањето на овој кич по вкусот на Груевски, па кого тој прашал дали да го гради сево ова? Дури и кажа дека сите овие оспорувани објекти добиваат на вредност поради тоа оспорување. Според него единствено не вреди зградата на филхармонијата, затоа што им се допаѓа на сите.За вкусот не се дискутира, ама кога некој си гради со свои пари. А овој проект е граден со наши пари па Груевски морал да ги праша жителите на Скопје.

Reply

Leave a Comment

2 × three =