Скопјанка добила закани од поранешниот љубовник дека ќе објави експлицитни фотографии

Од:

Четириесет и едногодишна скопјанка пријавила во полиција дека нејзиниот поранешен 32-годишен љубовник физички ја нападнал и се заканувал дека ќе објави фотографии со експлицитна содржина.

Според пријавата, 41-годишната Л.Е. била три години во љубовна врска со З.П. и во мај годинава одлучила да ја прекине врската по што тој почнал да и се јавува на телефон и да се заканува дека доколку не се смират ќе испрати нејзини фотографии со експлицитна содржина до нејзини роднини и пријатели. По краток период, испратил дел од фотографиите на фејсбук профилот на нејзината ќерка, како и на една нејзина пријателка. Исто така, според пријавата, во мај годинава З.П. дошол кај неа на работа и физички ја нападнал, удирајќи ја со тупаница во телото.

Како што стои во денешниот билтен од полицијата, Л.Е. досега не го пријавила случајот бидејќи се плашела за безбедноста на нејзиното семејство. З.П. ја следел неа и нејзината ќерка подолг период.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нови снимки од студентите во Охрид: Ги симнуваат лустерите и пијат од нив, фрлаат прозорци од апартманот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Студенти од Загреб и Србија демолираа хотел во Охрид

Горан Наумовски

Се зголемува бројот на злосторства од омраза во САД

Скопјанка истепала две жени во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Полицаец осуден на една година затвор, поради претепувањето на битолчанецот додека го апсеше

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Тепачка во „КАМ“ маркет, вработен бил нападнат од купувач

Кристијан Ландов