Скопјани преку онлајн петиција сакаат да го спречат градењето висококатници на паркингот кај Холидеј Ин

Од:

„Не за изградба на нехумано голем објект на паркингот пред хотел Холидеј Ин“ е насловот на онлајн петцијата која неколку скопјани ја распишаа откако беше објавено дека градежните инвеститори веќе ги уплатиле парите за комуналии на Општина Центар.

Речиси три илјади граѓани се имаат потпишано на петицијата против изградба на зградите на паркингот кај Холидеј Ин.

На оваа локација првично беше предвидена изградба на облакодери, кои потоа беа избришани од урбанистичкиот план, за сега да бидат заменети со згради со помала катност, осносно 15, 20 и 25 ката.

За изградбата на висококатниците на овој простор, македонската јавност првпат слушна во 2018 година, кога паркингот извесно време беше и затворен за користење.

Тогаш, Министерството за транспорт и врски информираше дека отуѓувањето на 9.048 метри квадратни државно градежно земјиште од страна на градежните инвеститори е направено законски, откако тие претходно се стекнале со над 30 проценти од градежната парцела откупувајќи 4.605 метри квадратни од физички лица.

Од почетокот на годинава до Општина Центар пристигнале повеќе од 30 барања за издавање одобренија за градби на кои Општината треба да одговори, бидејќи Уставниот суд го укина мораториумот за градење.

Советот на Општина Центар го изгласа мораториумот за градење во Центар во декември 2017 година, два месеца по изборите кога за градоначалник беше избран Богдановиќ. Со мораториумот беше стопирана реализацијата на вкупно 31 план, со најава дека сите ќе бидат ревидирани и од нив ќе бидат избришани градбите за кои граѓаните и стручната јавност се изјаснија дека се против.

Би можело да ве интересира

Уставен суд ја укина Одлуката за суспензија од примена на ДУП во Општина Куманово

Истражување: Дел од општините имаат неважечки Генерални урбанистички планови

Орце Костов

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров

Арсовска: Кривични за градоначалникот на Ѓорче и министерот за транспорт – „Нема да дозволиме еколошка катастрофа на Скопје“

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Три хемиски фабрики во новиот ДУП за Ѓорче – „Загрозен животот на карпошани“, Јакимовски бара Уставен да го укине

Анита Петровска Рајковиќ

Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

Орце Костов