Скопјанец се повредил со мотокултиватор додека орал нива. Според полицијата, вчера во 7:15 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив бил донесен повреден А.В.(64) од Скопје.
Тој имал повреди на двете потколеници и според пријавеното, се повредил од мотокултиватор, со кој орал нива во село Јаболце. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.