СЈО реагира на соопштението на Врховен суд на РМ

Од:

„Со оглед на тоа што од страна на повеќе медиуми беше изразен интерес за реакција на ова Јавно обвинителство во врска со денешното соопштение на Врховниот суд на Република Македонија, појаснуваме дека барањето за информација кое е упатено од страна на Врховниот суд се однесува на обезбедување информација поврзана со барање за изземање на судија од тој Суд.

Согласно Законот за кривична постапка, во постапката за изземање на судија задолжително дејствие е прибавувањето на изјава од судијата. Со оглед на тоа што бараната информација може да се добие од самиот судија за кого е барано изземањето, ова Јавно обвинителство нема да обезбеди одговор со цел да не се влијае на исходот на постапката.

Појаснуваме дека сме свесни за итноста на постапките и дека со нашите дејствија не се одолговлекуваат постапките. Воедно апелираме за соодветна примена на начелото на итност и при постапување со барањата на ова Јавно обвинителство“, се вели во реакцијата на Специјалното јавно обвинителство.

Би можело да ве интересира

Претседателката на Врховен нема намера поради снаата да се повлече од Управниот одбор на Академијата за судии и обвинители

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Арсиќ: Судскиот совет сè уште ги нема добиено одлуките на Врховен суд со кои се опфатени тројца судии

Ана Ололовска

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов