СЈО повторно бара притвор за eксградоначалникот на Кочани и Томе Главчев „Поштенска банка“

Од:

Специјалното јавно обвинителство во законскиот рок по приемот на решението на кривичниот суд во Скопје, вечерва ја обжали одлуката на судијата Седат Реџепагиќ да не им определи притвор на осомничените во истрагата „Поштенска банка“, дознава „Макфакс“.

Сега на потег е кривичниот совет на скопска единица составен од тројца судии кој треба да одлучи за жалбата на СЈО за 48 часа.

Сепак, СЈО се жали само за Ратко Димитриевски и Томе Главчев, бидејќи, одбраната на Коле Смилевски приложила документација дека има нарушено здравје. Според информациите на „Макфакс“, СЈО бара притвор за Главчев, зашто веќе влијаел врз сведоци и често патувал.

По вчерашното рочиште за притвор, судот на осомничениот директор Коле Смилевски му го одзеде пасошот, а на ексградоначалникот на Кочани, Ратко Димитриевски и бизнисменот Томе Главчев им изрече мерки да се јавуваат во судот.

Најновата истрага на СЈО „Поштенска банка“ е финансиска истрага, во рамки на која, девет лица се осомничени за сторени кривични дела злоупотреба на службената положба и овластување, перење пари и други приноси од казниво дело.

Со истрагата се опфатени и Викица Поповски, Георги Каратолис, Кирил Јаневски, Зоранчо Митровски, Ристо Милев и Златко Ѓорчев. Од извршените кривични дела сторени во временскиот период од 2001 до 2010 година била прибавена имотна корист во износ од околу 5 милиони евра.

Според СЈО, во почетокот на 2001 година Љубчо Георгиевски, како претседател на Владата, Марјан Ѓорчев како вицепремиер и Никола Груевски како министер за финансии, со цел да го контролираат фактичкото функционирање на „Поштенска банка“, организирале во основањето на Банката, покрај „Македонска пошта“, која била во државна сопственост, да учествуваат и правни лица кои тие ги избрале – „Ноел Експорт импорт“ Гевгелија и печатница „Европа 92“ Кочани. Поради застареноста на кривичното дело, СЈО во овој случај нема да ги гони Георгиевски, Ѓорчев и Груевски.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Катица Јанева пред да биде уапсена одела во СЈО, салони за убавина и по вечери

Кристијан Ландов

Ѝ во телефонот на Јанева пронајдени сликите од неа и мебелот, „Ајфонот“ и се отклучувал со помош на САД

Кристијан Ландов

Османи: Црвени линии за компромис за законот за ЈО е продолжување на предметите од СЈО

Ана Ололовска

Надоместоците во СЈО под лупа на државните ревизори

Ана Ололовска

Дескоска: Жалам што преговарачкава тројка на ВМРО-ДПМНЕ избега од разговорите за Законот за обвинителство

Ана Ололовска

Врховниот суд ќе расправа за првите пресуди на СЈО

Ана Ололовска