СЈО контра невладините: „Тотал“ и „Труст“ застаруваат дури за 40 години

Од:

Специјалното јавно обвинителство по вчерашниот брифинг на неколку граѓански организации кои тврдеа дека предметите „Тотал“ и „Труст“ може делумно да застарат со измените на Кривичниот законик од 2018 година, за „Макфакс“ појасни дека ваквите тврдења се неосновани.

Од таму велат дека случајот „Тотал“ во кое е обвинет новинарот Драган Павловиќ Латас, воопшто не може да се преквалификува под новото кривично дело „даночна измама“, бидејќи битието на делото за кое е обвинет Латас во обвинението на СЈО е „даночно затајување“. Oд ова обвинителство велат дека описот на двете кривични дела е различен и е нелогично за исти дејствија да има 2 различни члена во Кривичниот законик. Станува збор за различни дејствија од кои првото се однесува на мамење на државата во плаќањето даноци (таков пример е повратот на ДДВ), а во вториот случај за затајување данок.

Повикувајќи се на постојниот Кривичен законик, особено членот 107 релативната застареност за „Тотал“ е 20 години, а а апсолутната е 40 години, велат од ова обвинителство за „Макфакс“. Во случајот со обвинението на Латас станува збор за продолжено кривично дело кое е извршувано од 2008 до 2015 година. Идентично со ова, предметот „Труст“ во кое има неправосилна пресуда, исто така релативно застарува за 20 години, поточно во 2031 година, а апсолутно за 40 од кривично гонење, т.е. во 2051 година.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Мицкоски очекува новиот јавен обвинител да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Обвинителството го повлече обвинението против Латас за случајот „Тревник“

Катерина Ѓуровски

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Антикорупциска: Како знае ОЈО дека Иницијативата е беспредметна кога уште не е доставена

Катерина Ѓуровски