ВИДЕО: СЈО бара затвор за Грујевски и алтернативни мерки за службеничките во УБК

Од:

Специјалното јавно обвинителство побара од судот затвор за поранешниот началник на петтата управа во УБК, Горан Грујевски, а за службеничките во УБК алтернативни мерки. Обвинителката Ленче Ристоска рече дека конечно по една година дошло крај на постапката со прислушување.

– Бевме изненадени кога во 2016 откривме дека се уништени системите за следење на комуникациите. Мотивот на ништењето на документацијата е да се спречи откривањето на лицата кои наредиле уништување на системите и да се отежне истрагата. Грујевски иако немал овластување, формирал комисија за ништење на документацијата. Службеничките во УБК морале да му ја одбијат наредбата
оти е незаконска, рече Ристоска.

– Убедени сме во основаноста на обвинението, рече по изнесувањето на завршните зборови во случајот „Тврдина 2“, обвинителката Ленче Ристоска.

– Очекуваме да бидат осудени зашто доказите кои што ги приложивме упатуваат на нивна одговорност, изјави обвинителката по изнесувањето на завршните зборови.

Службеничките извршиле увид во документацијата и противзаконски направиле пописна листа. Нема ниту опис на тоа што се ништи ниту образложение за која цел е потребно ништењето. Документацијата се ништи во исто време кога се уништуваат и системите за следење на комуникациите. Државниот архив не дал согласност на УБК за ништење на документите.

УБК е внесена во листата на институции за чување документација во УБК дури во 2016, а документите се уништени во 2015.

– За Грујевски бараме најстрога затворска казна бидејќи кривичното дело го извршил на најдрзок начин, со злоупотреба на моќта и авторитетот. Дополнително, тој побегна за да избегне одговорност, смета Ристоска.

Олеснителната околност дека е татко на две деца, а е во бегство, според СЈО покажува негрижа за семесјтвото, т.е. ги оставил на цедило.

СЈО побара алтернативни мерки за 6те службенички на УБК. Ниедна не се покаја за стореното дело, СЈО побара тоа да се цени како отежителна околност.

Тие се бранат дека немале можност да бираат и дека постапувале по наредба на претпоставен, а не по сопствено убедување.

За една од обвинетите службенички, СЈО побара да се цени нејзиниот придонес за расветлување на случајот.

За одбраната нема кривично дело. Велат дека СЈО нема мандат да гони дела сторени во 2015, а мандатот на СЈО е за дела до 2015 година.

Aдвокатот на Горан Грјуевски, Љупчо Шврговски, смета дека нема кривично дело во предметот „Тврдина 2“, во кој првообвинет е неговиот клиент, заедно со уште 6 службенички во УБК. „Не може да постои кривична одговорност ако недостасува суштинскиот елемент на кривичното дело“, рече Шврговски.

Шврговски повтори дека пред судот направиле јасна ралзика меѓу текстовите на постојниот Кривичниот законик и на оној кој што важел пред законската измена. Тоа се однесува на една реченица која во стариот законик постоела. Станува збор за тоа да биде санкционирано како кривично дело и поведението на обвинетиот кој ќе уништи службени исправи, книги или списи. Тој дел не постоел во новиот Кривичен законик.

– Ова е проширување на надлежноста на СЈО, и доведува до правна конфузија, рече Петар Василев, кој потенцираше дека СЈО не е надлежно.

СЈО не понуди ниеден доказ кој го докажува кривичното дело, а надлежно е само Јавното обвинителство, според Василев.

Адвокатите на Грујевски и службеничките повеќе од еден час во завршните зборови се обидуваа да ги одбранат нивните клиенти.

Пресудата за случајот ќе биде изречена на 8 ноември.

В.Маглешов

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов