Сите молчат, договор нема, напорите на Ванхауте продолжуваат

Од:

Маратонот за постигнување договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА со медијаторство на меѓународната заедница, продолжува. Ниту вчера не беше постигнат договор.

Според извори на А1он од преговарачките тимови, гласањето на дијаспората, начинот на носење на одлуки во Државната изборна комисија, и прочистувањето на избирачкиот список сеуште се отворени прашањата.

Белгискиот експерт Питер Ванхауте, вчера имаше билаерални средби со преставниците на политичките партии, и денеска ќе го доработува предлог-законот за изборните правила, вградувајќи ги забелешките што ги дале партиите.

Во недела, според наши информации, треба на маса да ја стави конечната верзија, која би требало да биде прифатлива за сите страни .

Од преговарачките тимови за детали од предлог-законот се молчи за да не се наруши процесот на преговори.

Рокот за постигнување на договор за новите изборните правила и за Избирачкиот список беше 6 октомври.

Т.Ц.

Би можело да ве интересира

Кисела Вода забрани семејните куќи во Пржино и Црниче да станат згради

А1он

Ѓорѓиевски се сомнева дека пожарот во Пржино бил подметнат

А1он

Голем пожар во Пржино, гори поранешно училиште

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Драма во Пржино: Се излизга патот, локалните жители стравуваат за домовите

Наум Локоски

Пожар во подрумски простории каде што се складира медицински материјал во Пржино

Наум Локоски

Пожар во Пржино

Наум Локоски