„Сите албански“ – во УБК прислушувањето било поделено по етнички групи

Од:

„Сите македонски“, „сите албански“ и „важно“. Под овие 3 групи биле поделени улогите на групите корисници кои имале пристап до системот за следење на комуникациите наречен „Најс“. Во првата група биле ставани сите говорители на македонски јазик, во втората група, сите броеви на кои се говорело на албански јазик, а во третата група „важно“ биле Сашо Мијалков, Горан Грујевски и Надица Николиќ.

Биле креирани неколку разни профили: маркирачи на броеви, репродуцери на материјалите, читачи, началници. Сите тие имале одреден пристап до системот. Корисничките сметки биле насловени admin 1, admin 2, итн… По наредба на Горан Грујевски од Нова година до 15 јануари следната година се бришеле корисничките сметки и се креирале нови.

„Се бришеше буквално се’“, рече Костовски пред судот. Објаснувањето на Грујевски дека тоа било за да се освежи системот и да се заборави кои биле псевдонимите и таргетите.

„Кога маркирачот маркира можеше да додаде пристап на корисници на група“, објасни Костовски.

По наредба на Горан Грурјвски, на сите маркирани броеви за следење и’ била придружувана групата „важно“, во која биле Мијалков, Грујевски и Николиќ. Некогаш наредбите за тоа кои броеви да бидат следени биле соопштувани преку телефон од Грујевски или Николиќ, по по што таа пракса прекинала.

Во 2014 година имале 80 кориснички сметки, или т.н. „јусери“ за вработени во УБК, кои имале пристап до следење на комуникациите. Сведокот рече дека таа бројка пораснала со годините.

Прв во постапката сведочеше Ѓорѓи Лазаревски. Во овој предмет обвинети се поранешниот началник на петтата управа во МВР, Горан Грујевски и вработениот во УБК, Никола Бошкоски, кои избегаа во Грција, ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и шефот на неговиот кабинет, Тони Јакимовски.

Обвинети се и вработените во УБК: Надица Николиќ, Владимир Варелов, Марјан Шумуликовски, Силвана Златкова, Васил Исакоски и Валентина Симоновска.

Според обвинението на СЈО, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви.

Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Во Загреб уапсен, па ослободен екс разузнавачот Горан Грујевски

Катерина Ѓуровски

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

A1on

Секој што бил прислушуван сам ќе треба да тужи: Кривичен суд ги праќа на граѓанска постапка откако предметот застаре

Александар Тодески

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството молчи за шпионскиот софтвер Предатор, Ковачевски дал наредба за масовно прислушкување

Предраг Петровиќ

Застаре уште едно дело на Мијалков

Ана Ололовска

ВИДЕО: Мијалков овојпат со затворско комбе симнат позади судот, завршни зборови за „Титаник 2“

Кристијан Ландов