Синоличка Трпкова: Катица ни ја спасува честа и правдата, на сите до еден

Од:

„Одамна кога ја напаѓавте Катица за чипката и за насмевката и за изгледот и за немање капацитет прво што ми паѓаше на памет беше – овие нормални се, имаат памет што зборат, знаат со кого делат воздух и во каков ѓерис живеат!? Па ако не бивало и ако навистина сме имале високи критериуми и вкусови зошто би ни требало СЈО!? Оти сме биле толку умни и оти се сме знаеле, сега Катица ни ја спасува честа и правдата, на сите, до еден. И сега во најтешките моменти и прекршувања конечно станува се транспарентно. Како на дланка се гледаат вистинските намери на секој од нас.

Катица го извади скриеното на ачик. Таа го извади сето ѓубре од народните претставници на куп. И она што претходеше во мртв беше одамна испланирано и наместено од дпмне. Тие се мајстори за гнасни кампањи. Но можеби сето ова ќе има и корисна страна. Сега останува да видиме дали имаме или немаме капацитет да препознаеме зло од добро. Дали заслужуваме или не држава. Катице, ти посакувам да бидеш здрава и те поддржувам во секој изречен збор против криминалот и мафијата“, напиша на својот Фејсбук профил, Синоличка Трпкова.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов