Синдикатите бараат одговорност од Ангеловска: Не смее да се отпуштаат вработени од фирми кои користат државна помош

Од:

Десетина синдикати и здруженија на граѓани се спротивставуваат и ја осудуваат денешната најава на министерката за финансии, Нина Ангеловска, дека ќе им биде дозволено на фирмите кои користат државна финансиска поддршка за исплата на плати да отпуштат до 15% од нивните вработени.

„Доколку ова се реализира, тоа ќе значи десетици илјади нови невработени во пресрет на очекуваната економска криза и десетици илјади семејства во сиромаштија! Срамно е Влада која се нарекува социјалдемократска и која треба да се грижи пред сè за сиромашните и работниците да најавува вакви мерки, особено на два дена пред Први мај, Меѓународниот ден на трудот, што го сметаме за непочитување на овој празник и за навреда на работничките и работниците“, стои во заедничкото соопштение на синдикалните здруженија.

Тие велат дека „не смее да се заборави дека средствата од кои се финансираат овие мерки доаѓаат од даночните обврзници, односно се пари на сите граѓани на оваа држава, па затоа треба да се трошат за доброто на сите, а не само за доброто на одредени групи моќници“.

Синдикатите упатуваат три барања до Владата:

  1. Итно и неодложно да се запре процесот на измена и дополнување на Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите од приватниот сектор погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19 во насока на давање на можност на работодавачите кои користат финансиска помош од државата да отпуштаат вработени.
  2. Синдикатите и здруженијата на граѓан(к)и кои се залагаат за работниците и за работничките права задолжително да бидат консултирани при подготовката на мерки кои се поврзани со нив и ниедна ваква одлука да не помине без нивна согласност.
  3. Одговорност од министерката за финансии, Нина Ангеловска.

Во соопштението се потпишани Сојуз на синдикати на Македонија (ССМ), Конфедерација на синдикални организации на Македонија (КСОМ), Независен академски синдикат (НАкС), Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Синдикат на културата на Република Македонија (СКРМ), Синдикат на македонската дипломатска служба (СМДС), Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија, Здружение на граѓани „Гласен Текстилец“, Левичарско движење „Солидарност“, ЈАДРО – Асоцијација на независната културна сцена, Здружение на граѓани „Прес ту Егзит“ Скопје и асоцијација Контрапункт.

Би можело да ве интересира

Владата и Синдикатите постигнаа договор, платите во јавниот сектор во септември ќе се зголемат за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Синдикатите на преговори: Работникот бара 100 евра покачување, а не 600 денари како што нуди Владата

A1on

Ковачевски: Платите во образованието се зголемени за 21%, дијалогот со синдикатите продолжува и решение ќе има

Филипче: Соочени сме со огромен ризик да имаме нов силен бран, верувам синдикатите ќе сфатат колку се битни мерките

А1он

Левица бара собраниска седница за пратенички прашања со задолжително присуство на Нина Ангеловска

Жарко Настоски

ДКСК: Кај Ангеловска нема кривична одговорност, но потребно е доуредување на категоријата судир на интереси во сите прописи

Ана Ололовска