Синдикати: Успехот е заеднички, Владата ја смени Уредбата за субвенционирање на плати

Од:

Здружени синдикални организации и здруженија на граѓани за заштита на работничките права ја поздравија одлуката на Владата за измена на Уредбата за финансиска поддршка за исплата на плати.

– Изминативе денови објавивме јавно барање до Владата да ја смени одредбата со која се овозможуваше отпуштање работници во фирмите кои користат државна поддршка за надминување на економската криза предизвикана од пандемијата. По брзата и солидарна мобилизација на повеќе организации и синдикати, Владата ја смени штетната одредба. Ја поздравуваме одлуката на Владата и се надеваме дека, во интерес на довербата, нема да ретерира од неа, под притисок на бизнис заедницата која егзистира од работниците, соопштија денеска здружените синдикати и здруженија на граѓани.

Оттаму посочуваат дека успехот е заеднички и оти нема да дозволат товарот од кризата да го понесат работниците. Како што велат остануваат на нивните барања кои претходно ги доставиле до Владата и до барањата од првомајскиот проглас.

– Инсистираме да бидеме партнери при носењето на сите економско-социјални одлуки, истакнуваат од синдикалните организации.

Би можело да ве интересира

ЗНМ и ССНМ: ОЈО да го преиспита случајот со Златев

Ана Ололовска

Хелсиншки комитет: Најчести основи за дискриминација во земјава – пол, род, попреченост, сексуална ориентација…

Ана Ололовска

ССНМ со осуда за физичкиот напад врз Златев

Ана Ололовска

ССНМ со осуда на онлајн нападите врз новинарката Мирослава Бурнс

Ана Ололовска

ХК: Трендот на пораст на криминалот од омраза продолжи и во 2019 година

Ана Ололовска

Истражување на ССНМ: Новинарите и медиумските работници со плата далеку под просечната

Ана Ололовска