Силјановска Давкова: Пазарџиите се само една од групите кои се чувствуваат изневерени и ограбени

Од:

Кандидатот за претседател на Република Македонија, Гордана Силјановска Давкова денес оствари средба со пазарџиите на Зелен пазар со кои говореше за лошите услови кои ги чувствуваат на нивна кожа.

Пред пазарџиите Силјановска Давкова истакна дека многу често оди на пазарчето Буњаковец, во близина на нејзиниот дом.

Тоа никогаш не и е напор и задача, туку уживање. Таму секогаш е добредојдена, бидејќи наоѓа време да си поразговара за она што се нуди, а и со продавачите се познава долги години. Ги знае сите нивни маки и радости, вели Силјановска Давкова.

– Денес, сепак, бев на Зеленото пазарче. Убаво беше да се види дека и таму сум добредојдена, иако не ме гледаат секојдневно. Маките се исти, очекувањата исто така. Земјоделците и пазарџиите се вредни луѓе, стојат по цел ден и на студено и на топло време, за едвај да извадат за егзистенција. Последните потези на владата ги предизвикаа овие луѓе на протести. Тие се само една од групите во општеството кое се чувствуваат изневерени и ограбени. Нам ни треба Македонија, која ќе биде еднаква и правична кон сите, а која ќе покажува посебна почит кон оние кои на потежок начин доаѓаат до приходи, со сопствен труд и пот, појасни Силјановска Давкова.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“