Силјановска Давкова: Мора да се справиме со мафијата вгнездена на највисоките позиции

Од:

Сите држави имаат своја мафија, ама во Македонија има опасност мафијата да има своја држава! Битката со мафијата мора да биде бескомпромисна, многу е тешка, но мора да почне, оти криминалот и корупцијата се системски. А, ликови што наликуваат на оние од мафијата се вгнездени на највисоките позиции и тие со чинење или со нечинење, со гледање и помагање се исто така соучесници, истакна претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова на вечерашниот митинг во Аеродром.

-На почетокот од 2000 година, Роберт Хајслоп ќе рече: „Сите држави имаат мафија, ама на Балканот има опасност мафиите да имаат свои држави“. Сега кога ги гледам состојбите со корупцијата и криминалот, барам некаков излез, читам дека во Италија на времето донеле еден закон против мафијата и сега го препорачуваат. И да, она што всушност е дел од Програмата на ВМРО-ДПМНЕ е дека битката со мафијата мора да биде бескомпромисна, дека битка со мафијата е многу тешка, но мора да почне оти криминалот и корупцијата се системски, рече Силјановска Давкова.

Таа посочи дека изборите на 24 април доаѓаат како предигра бидејќи тогаш работите ќе се разјаснат, а целосно ќе се расчистат на 8 мај.

– Мислам дека на 8 мај ќе биде запечатена една тешка, грда фаза од владеењето и ќе започне една нова реформска фаза. За тоа навистина се потребни умни, чесни и посветени луѓе. Луѓе кои државните и национални интереси ќе ги стават пред било кои други. Луѓе кои како одважни и достоинствени, ќе бараат од големите и средните држави, па и од ЕУ и сите држави внатре, заслужена почит. Луѓе кои ќе бараат и ние да итаме во исполнувањето на Копенхагенските критериуми. Да не се занимаваме и да го губиме времето на докажување дека сме тие што сме. Да барате од некого да докаже дека е човек, дека е жена, дека е Македонец е непристојно, порача Силјановска Давкова на митингот во Аеродром.

Таа се осврна и на денешниот митинг на СДСМ и нивниот претседателски кандидат Стево Пендаровски пред ЕУ инфо центарот во Скопје.

– Денеска чув дека одржале митинг пред Европската комисија, зградата, веројатно не случајно, се прашувам дали е можеби тоа протест против европската политика или можеби молат да останат на власт со нивна поддршка заборавајќи дека нам сертификати не може да ни даваат. Сиот респект кон ЕУ, НАТО и САД, но онаа чудна Бујарова идеја денеска го прашав ‘да не имате вие намера, за претседател се кандидирате или се кандидирате за генерален секретар на НАТO?’ Сертификатот ние го бараме од граѓаните и ќе го добиеме од нив, ама за вас не сум сигурна, рече Давкова, додавајќи оти претставувањето како европски претседател е непозната функција.

Лидерот на на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пак, на митингот во Аеродром порача дека претстојните избори се референдумско изјаснување на македонските граѓани за повторно да си ја вратат државата. Тој очекува изборна победа и на 24 април и на 8 мај, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ да освои 61 пратеник и да дојде до промена на власта.

Мицкоски кажа дека е убеден оти она што ќе се случи по 8 мај ќе биде ослободување на Македонија и обединување околу пет важни принципи.

– Првото, почитување на владеење на правото, правна држава и одговорност за тие кои што се огрешиле спрема законите. Вториот принцип е економски развој, подигнување на животниот стандард и подобар живот за сите граѓани. Третиот принцип е водење на достоинствена надворешна политика, која што ќе се темели на меѓусебно почитување и одбрана на националните и државни интереси. Четврто, почитување на човековите права и слободи. Македонија била и ќе остане слободна, независна и суверена држава. Петти, можеби и најважен Македонија да ја вратиме на народот. Македонија му припаѓа на народот, бидејќи сега е украдена од неколкумина, би рекол дел од раководството на ДУИ и уште малкумина измеќари од ДУИ кои што се се уште раководство во СДСМ, истакна Христијан Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Сиљановска од Струмица: Оттука ќе тргне политичкиот вулкан и ќе стави крај на феудалните енклави на замислените европјани

А1он

Течат роковите за приговори до ДИК, нема прегласување на трите избирачки места во Куманово, ќе бидат разрешени избирачките одбори

Сиљановска води во сите скопски општини: Предност пред Пендаровски има и во Чаир, Сарај, Шуто Оризари

Мицкоски: Мислеа дека си имаат работа со мали деца, победуваме со повеќе од 170.000 гласови разлика

Орце Костов

Пендаровски: Резултатите не се како што очекувавме, веројатно разликата ќе биде околу 130 илјади гласови

Александар Тодески

Османи: Европскиот фронт ја победи коалицијата Вреди со над 40.000 гласа, волјата на граѓаните е јасна и треба да се почитува