Силјановска: Да ги добијам овие избори за да се отргне заевизмот од Македонија

Од:

Кандидатот за претседател на Република Македонија проф. д-р Гордана Силјановска Давкова вчера оствари средба со граѓаните од Општина Валандово, каде што разговараше со нив но исто така им посочи дека сигурно овие избори ќе ги добие за да се зачекори чекор напред кон отргање на заевизмот од Република Македонија.

– Зошто јас се надевам дека овие претседателски избори може да имаат успешен резултат, да бидат успешни за нас, затоа што не е илузија мислам кога по улиците ме среќаваат непознати луѓе кои велат дека никогаш досега не гласале, дека биле неутрални политички, дека не ги интересирало политиката, но дека сега ќе гласаат.
Други велат дека гласале за СДСМ, но нема да гласаат на овие избори. Трети велат дека учествувале во „Шарена револуција“ но дека се било изневерено. Четврти велат студенти дека прв пат ќе гласаат, стигнаа и младите.

– Мислам дека на наша страна се овојпат правото и правдата и дека навистина имаме шанса во првиот круг да покажеме дека победата ќе биде наша зошто во првиот круг? Зошто среќна околност е ако има таква што овој пат БЕСА и Алијанса ќе одат со сопствен кандидат. Што значи дека опаснота од некоктролирано пребрзо полнење на кутиите сега на некој начин ќе биде зауздана. Оти самите албански партии ќе се контролираат и со тоа ќе го контролираат и т.н. консензуален кандидат, рече Гордана Силјановска Давкова.

Би можело да ве интересира

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

Захарова ги предупредува Русите во странство: Не наседнувајте на провокации

Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 18 или 25 октомври

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му