Дува засилен, а во западните планински делови силен ветер од западен и југозападен правец, кој на моменти е со брзина и до 100 километри на час, соопшти УХМР.
Најниски температури во државата утрово од нула степени Целзиусови се измерени во Скопје – Петровец и во Струмица, а најмногу дожд, пак, наврнал во Маврово – 8 литри на метар квадратен, односно во Лазарополе 7 литри на метар квадратен.