Во Скопје и околината денеска попладне врнеше силен дожд, а и за утре се предвидува исто време како и денеска.
Утринската температура ќе се спушти до 11 Целзиусови степено, а дневната ќе се искачи до 22 степени.
Утре низ Македонија ќе биде со повремени врнежи од дожд, кои во текот на денот постепено ќе престануваат. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од источен и североисточен правец.
Утринската температура ќе се движи од 6 до 13 Целзиусови степени, додека дневната ќе се движи од 17 до 22 степени.