Шврговски бара ослободување на Мијалков: Немаше физичка сила врз Љубе Бошкоски, а полицијата реагираше зашто даваше отпор

Од:

Доколку Љубе Бошкоски не давал отпор, немало да се примени сила, односно она што е предвидено во законот за да се совлада.Сашо Мијалков немал никакви ингеренции и не можел да даде наредба на единицата „Алфа“ која го апсење Бошкоски. Ова е главната теза на одбраната на Сашо Мијалоков и останатите обвинети од „Тортура“ на завршните зборови чија расправа продолжува на 31 мај.

Адвокатот на одбраната, Љупчо Шврговски истакна дека имало активен отпор на Љубе Бошкоски при апсењето односно кога ги видел полицајците почнал да бега. Тој читаше изјави во кои беше наведено дека мафтал со рацете кон полицијата и ги фрлил кесите со пари преку автомобилот.

Тој читаше законски одредби од законот за полицијата, при што уверуваше дека средства за присила може да се употребат ако целта на полицијата не може да се оствари на поинаков начин. Кога средствата за присила се употребуваат за време на службата се исклучува одговорноста на полицискиот службеник, рече Шврговски.

„Бошкоски не постапил по нивната наредба туку со забрзан чекор продолжил да се движи кон паркингот на Воденица, со што ја предизвикал реакцијата на полицијата со употреба на физичка сила. Јасно се гледа дека Бошкоски е облечен со бела кошула и фармерки и кошулата не е извиткана и нема тргаги на физилчки сила на лицето. Истиот го следи претресот разговара со адвокотот, на снимките се гледа како со службено возило е однесен пред суд и таму со кренати раце коментира пред медиумите. Од тука се гледа дека тој е во добра психофизичка состојбата. Нема никакви пречекорувања на овластувањата од полициските службеници. Во 2011 година единицата Алфи е хиерархиски поставена под БЈБ и не можела да биде управувана од УБК. Сашо Мијалоков не можел да издаде таква наредба за апсење и малтретирање на Љубе Бошкоски, рече Шврговски, рече Шврговски.

Според него, сетоа тоа е доволно судот да ги ослободи од обвинение сите обвинети во „Тортура“ зошто не извршиле никакво дело.
За делот во кој Бошкоски беше легнат на земја со лчисици тој образложи дека се е оправдано.

„Се гледа како дава активен отпор со движење на телото и нозете додека се обидуваат да го прилепат за возилото. Од 10 до 20 секунда се гледа дека не може да го исконтролираат Бошкоски, и во стоечка позиција без да предизвикаат повреди, со употреба на физичка сила го легнуваат, а Филип Атанасов го фаќа за левата нога кога го спречува да се испраи. Ширењето на ногата на Бошкоски јавниот обвинител сака да го употреби како бруталност“, рече Шврговски.

На снимката се гледа полицискиот службеник со колената е во пределот на колковите на Бошкоски, а во десната рака се гледа дека го држи пиштолот свртен кон нозете на Бошкоски, односно да биде во безбедна позиција, а не дека бил вперен кон Бошкоски, образлагаше Шврговски.

Според него, се гледале два важни факта и тоа-апсењето се одвивало на 10 метри од полскиот тоалет. Полицискиот службеник Петар од десна страна на Бошкоски се свртил кон камерата и јасно се гледало дали ја движи устата и затоа е спорно дека му се заканувале и го заплашувале.

Шврговски кажа дека од 33 до 34 секунда обвинетиот Новица Станковски се гледало дека оружјето го држи во нозете на Бошкоски. Се гледало дека Новица прима наредба и спротивно на исказот на сведокот Далибор Трајковски кој тврдеше дека иако бил раководител на полициските службеници не командувал туку само набљудувал.

Според адвокатот, сега сведокот Далибор Трајковски тогаш го држел Љубе Бошкоски потпрен со лицето на полскиот тоалет.

На 31 мај со завршни зборови продолжува одбраната на Сашо Мијалков, а потоа адвокатот на Љубе Бошкоски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Со ослободувањето на Мијалков и „алфите“, судијката Александра Ристеска ја демонтира третата „бомба“ на Заев

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: „Алфите“ кои го апсеа Бошкоски со пиштол на образ си честитаа слобода со Мијалков

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Лапе: Ваквата пресуда испраќа порака дека начинот на кој е уапсен Бошкоски е дозволен и законски

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Судијката Ристеска ги ослободи Мијалков и „алфите“ за апсењето на Бошкоски

Кристијан Ландов

Обвинелството е против повторно изведување докази за „Тортура“

ВИДЕО: Наместо пресуда, судот бара нови рочишта за „Тортура“, на судиите не им е јасно кој полицаец што направил кога го апселе Бошкоски

Кристијан Ландов