„Шутка“ го извести Судот дека Груевски не се појавил на издржување на затворската казна

Од:

Утринава затворот „Скопје“ во Скопје испратил известување до Основниот Суд Скопје 1, дека осуденото лице Никола Груевски не се јавил доброволно на издржување на затворската казна.

По ова известување и по неуспешните обиди на Груевски да му се врачи решението од Кривичниот совет кој ја одби неговата жалба, Кривичниот суд може стражарно да го приведе и да го однесе на издржување на двегодишната затворска казна. Доколку експремиерот е недостапен, ќе биде распишана домашна или меѓународна потерница.

Никола Груевски од четвртокот е недостапен за контакт, а го нема ниту на работното место во Собранието. Тој барањето за одложување на затворската казна го правдаше со неговото неопходно присуство во Собранието, каде што во тек е постапка за измени на Уставот. Изминатите три дена работеше Уставната комисија, но пратеникот Никола Груевски не присуствуваше на дебатата.

Би можело да ве интересира

Човекот кој ја уби сопругата додека нивното дете славеше роденден си пресуди во затвор

А1он

Филмско бегство во Германија: Србин побегна од затвор преку покрив

Руски опозиционер војната во Украина ja нарече катастрофа – доби 11 години затвор

А1он

СДСМ: По Груевски, слободен е и Латас – јасен доказ дека Мицкоски управува со Обвинителството

СДСМ: Ослободувањето на Груевски е уште еден доказ за контролираното правосудство

(ВИДЕО) Кузеска: Нова лага на Мицкоски, знаел за државјанството на Груевски – затоа документите не се праќаат