Шутаров: Срамна седница на Советот, хаосот со ЈСП е пример што следува откако ДПМНЕ ќе добие власт

Од:

Локалната власт на ДПМНЕ создаде хаос со јавниот превоз во Скопје.ЈСП го доведе на раб на функционалност, да нема автобуси, граѓаните да не можат да стигнат никаде навреме а вработените да не може да земат плата вели советникот на СДСМ во совето на Град Скопје Горан Шутаров.

– Иако ДПМНЕ во Советот на град Скопје има мнозинство и е власт ,на вчерашната вонредна седница одби да ги поддржи субвенциите за ЈСП, одби на вработените да им се префрлат средства за да може да им се исплати плата. Срамно, тажно и само заради лични хирови на Мицкоски, советниците на ДПМНЕ се противеа на доделување финансиски средства за да може да функционира ЈСП. На вчерашната седница на советот се случи уште еден скандал. Додека Скопје немаше автобуси, додека надвор на улиците мрзнеа вработените во ЈСП кои си ги бараа своите плати, советниците на ДПМНЕ по групи и пораки договараа како да ги изиграат вработените. Од една страна се противат на одлуката да им се доделат субвенции, а од друга страна се потсмеваат со тешката состојба на вработените во ЈСП, на 1.300 семества, состојба во која токму ДПМНЕ ги стави, рече Шутаров.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра