Што е животно осигурување и како функционира?

Од:

Кога ќе се спомене зборот осигурување на поголемиот дел од нас прво им паѓа на памет осигурување на возилото, на домот, на деловните простории, и сите оние нешта што имаат одредена вредност и значење за нас. Првенствено одбираме да ги осигуриме материјалните нешта кои се помалку или повеќе заменливи, но често недостасува навика да одбераме осигурување кое може да обезбеди финансиска заштита за нашето семејство. Животното осигурување е најценет и најчест облик на осигурување во развиените земји, и тоа од повеќе причини. Пред сè затоа што е заштита на оние кои финансиски зависат од нас и второ затоа што на него се гледа како на штедење. Полисите за животно осигурување претставуваат единствен финансиски производ кој во исто време нуди опција за осигурување од ризик и штедење.

Полисата за животно осигурување овозможува лична безбедност и грижа за себе и за семејството. А исто така, добива и дополнителна вредност токму по истекот на полисата, со враќање на вложените средства на осигуреникот. Осигуреникот по истекот на полисата средствата може да ги искористи за значајни животни приоритети: патување, реновирање, стипендиска рента, пензиска рента и можност со дел од средствата повторно да направи полиса за осигурување на живот за себе или некој близок.

Склучување договор за животно осигурување опфаќа различни барања и референци во зависност од полот, возраста, животниот стил и животните навики. Индивидуалното осигурување на животот на осигурителната компанија Кроациа осигурување нуди голем број предности и можности кога е во прашање полиса за животно осигурување. Полисата Индивидуално осигурување на животот нуди можност за избор на должина на полисата меѓу 10 и 25 години, избор на начинот на плаќање, како и прилагодување на сумата која се уплаќа, почнувајќи од минимална годишна сума од приближно 11.000 денари.

И најважно е при склучување на животно осигурување да се направи правилен избор на компанија, што има знаење, традиција, стабилност и сигурност во работењето. Кроациа осигурување е компанија која успешно работи во осигурителниот сектор од нејзиното основање во 1884 година, воедно е првата компанија за осигурување живот регистрирана во земјава и финансиска институција кај нас која поседува меѓународен сертификат за воспоставен систем за управување согласно стандардот за квалитет ISO 9001:2015, меѓународен сертификат за воспоставен систем за задоволство на корисниците и процес за управување со поплаки согласно стандардот ISO 10002:2018.

ПР Текст

Би можело да ве интересира

Осигурителните компании платиле 10,2 милиона евра провизии за продажбата на своите посредници

Ана Ололовска

Семеен дом осигуран со 3,2 милиони евра, највисоката осигурена сума за имот на физичко лице

Осигурителни компании исплатија 1,9 милиони евра за штети од град и мраз, 72 отсто од вредноста на сите земјоделски штети

Ана Ололовска

АСО: Најголемата штета исплатена за осигурен имот, осигуреник наплатил 200.000 евра

Ана Ололовска

АСО: Осигуреници од штети во првата половина од годинава наплатија 31,5 милиони евра, 20 отсто повеќе од лани

Ана Ололовска

Бројот на претставки решени во корист на незадоволни осигуреници зголемен за 220 отсто

Ана Ололовска