Патничко осигурување од Кроација со покритие за Ковид-19 до 10.000 €

Од:

Кроација осигурување го прошири патничкото осигурување со целосно покритие за Ковид-19. Проширената патничка полиса, нуди покритие за трошоци за медицински прегледи од страна на овластен лекар, за тестирање во случај на појава на симптоми на Ковид-19, за потребни лекови дадени при вонболничко лекување, за болничко лекување во случај на потврдена инфекција и трошоци за репатријација во случај на потврдена инфекција.

„Граѓаните имаат потреба да патуваат и да се чувствуваат безбедно и сигурно каде и да одат дури и во услови на пандемија, а ние како компанија во тоа ја вложивме целата нашата експертиза и искуство на осигурителниот пазар. Овозможивме безгрижност при патувањата од каква било природа, проследено со целосна наша асистенција и со сите потребни чекори и неопходни информации поврзани со здравствени протоколи во земјата каде осигуреникот престојува. Ова осигурително покритие обезбедува поголема заштита и сигурност за безгрижни патувања”, велат од Кроација осигурување.

Патничкото осигурување со Ковид-19 од Кроација е достапно како индивидуално или семејно и важи за патувања во земјите од Европа, Египет, Турција и Русија. Со јасно и прецизно дефинираните услови и предности, ова патничко осигурување нуди целосна здравствена заштита и покритие за Ковид-19. Сите подетални информации за понудата се достапни на линкот.

ПР Текст

Би можело да ве интересира

Македонските граѓани вложиле 87 милиони евра во осигурување на своите возила

Орце Костов

Граѓаните потрошиле 685.000 евра на патничко осигурување во јули, во зелен картон се вложени 2,8 милиони евра

Орце Костов

АСО: Вложувањата во неживотно осигурување надминаа 10 милијарди денари

Осигурениците наплатија 71 милион евра, осигурителните компании исплатија над 100 000 штети

Осигуреник наплатил 308.000 евра штета за осигуран имот

Ана Ололовска

АСО: Продажбата на полиси достигна 122 милиони евра, осигурувањето порасна за 18 отсто

Ана Ололовска