Пакет мерки за осигурителниот сектор за олеснување на работата во вонредни услови

Од:

Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето донесе нов пакет мерки со цел да се обезбеди континуитетот во работењето на осигурителниот сектор во вонредни услови.

– Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) ослободи 30 милиони евра ликвидни средства со цел друштвата за осигурување да можат да ги употребат за тековно работење во услови на вонредна состојба, кога се соочуваат со намалување на продажбата на осигурителни полиси. Со ослободување на 10 проценти од резервите, друштвата добиваат во денари 1,8 милијарди денари ликвидни сретства чија цел е да се зајакне поддршката на друштвата во сегментот на менаџирањето со негативните последици од појавата на корона вирусот. Во исто време АСО дозволи исправка на побарувањата за дополнителни 60 дена. Целта на измената е да се амортизира ударот врз финансискиот резултат на друштвата за осигурување како резултат на очекувана намалена наплата на побарувањата по основ на премија за осигурување, се наведува во соопштението.

Утврден е и дополнителен рок за обработка на штетите и тоа најдоцна во рок од пет работни дена од денот на прием на барањето за надомест на штета. По решавање на штетата, друштвото е должно писмено да го извести подносителот на отштетното побарување за решената штета, притоа наведувајќи износ на надомест на штетата, можноста и рокот за доставување на претставка и рокот за исплата на штетата кој не смее да биде подолг од 14 дена од денот на ликвидација на штетата.

– Со цел обезбедување стабилност на секторот на осигурување, но и заштита на осигурениците АСО донесе одлука, и покрај забавена ликвидација и пријава на штети во настанатата вонредна состојба, истата да не влијае врз проценките на техничките резерви, информираат од Агенцијата за супервизија на осигурувањето.

Најавуваат дека ќе продолжат да го следат влијанието на пандемијата врз стабилноста на субјектите во осигурителниот сектор и оти навремето ќе реагираат согласно своите надлежности.

Би можело да ве интересира

Македонските граѓани вложиле 87 милиони евра во осигурување на своите возила

Орце Костов

Граѓаните потрошиле 685.000 евра на патничко осигурување во јули, во зелен картон се вложени 2,8 милиони евра

Орце Костов

АСО: Вложувањата во неживотно осигурување надминаа 10 милијарди денари

Осигурениците наплатија 71 милион евра, осигурителните компании исплатија над 100 000 штети

Осигуреник наплатил 308.000 евра штета за осигуран имот

Ана Ололовска

АСО: Продажбата на полиси достигна 122 милиони евра, осигурувањето порасна за 18 отсто

Ана Ололовска