Блокирана Агенцијата за супервизија, му истече мандатот на претседателот

Од:

Агенцијата за супервизија на осигурувањето е пред блокада во работењето, бидејќи од денеска и формално oстана без првиот човек, Климе Попоски, кому му истече мандатот. Информацијата ја потврди Попоски за „А1он“.

„Немам информација до каде е постапката. Владата треба да достави до Собранието предлог, а Собранието да избере“, рече Попоски. Тој и самиот се пријавил за нов мандат.

Владата во октомври распиша оглас за избор на претседател и еден професионално ангажиран член на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување. Рокот за пријавување истече минатата недела, а сè уште е неизвесно кога би се случил изборот. Портпаролот на Владата Муамет Хоџа не одговори на повикот на „А1он“ колкку кандидати се пријавиле на огласот и дали се усвоени предлози и испратени во Собранието.

Советот на Агенцијата е составен од пет члена, од кои, еден е претседател. Агенцијата прави супервизија на друштвата за осигурување, осигурителните и брокерски друштва, издава и одзема согласности, дозволи и лиценци…

Освен овој избор, се одолговлекува постапката за избор на главен држаен ревизор во Собранието поради коалициската неусогласеност меѓу СДСМ и ДУИ. Во Собранието е заглавен е изборот за членови на Програмскиот совет на МРТ, како и на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Би можело да ве интересира

Велковски: Со пензија под минималната и потрошувачка кошничка од 57.000 денари пензионерите едвај преживуваат

Горан Наумовски

Велковски: Срамота е да се каже дека пет отсто е зголемување на пензиите

Македонските граѓани вложиле 87 милиони евра во осигурување на своите возила

Орце Костов

Ковачевски: Пензиите ги зголемивме на историско ниво, има 100 милиони евра повеќе за 2024 и антикризни мерки, поддршката е системска, а не предизборна

СДСМ: Колку во Скопје што има бесплатен превоз толку ДПМНЕ и пензиите ќе ги качи

Мицкоски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги зголеми пензиите линеарно од 5.000 денари за сите пензионери во Македонија