ФОНД НА ПИОМ: Пензионерите и осигурениците можат да бидат спокојни пензии редовно се исплаќаат и ќе се исплаќаат и во иднина секој први во месецот

Од:

Фондот на ПИОМ соопштува дека исплатата на пензијата за ноември банкиате ја започнаа вчера и ќе заврши во понеделник на први декември 2026 година.

Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, исто така, ја информира јавноста дека исплатата на пензиите не е доведена во прашање, бидејќи Владата ја гарантира истата и не треба да има никаков сомнеж или страв дека пензии нема да има.

Фондот на ПИОМ во координација со Владата исплатата на пензиите ја врши секој први во месецот и истото ќе продолжи да го прави и во 2026 година.

Шпекулациите кои се пласираат во од страна на СДСМ и политичкиот притисок кон Уставниот суд дека е загрозена исплатата на сегашните и идните пензии се неосновани и служат единствено за вознемирување на пензионерите и граѓаните во државата.

Неодговорно е да се тврди дека исплатата на пензиите е доведена во прашање кога веќе се знае дека буџетот на Фондот на ПИОМ за наредната 2026 година е речиси 151 милијарда денари за исплата на пензии, за здравственото осигурување на пензионерите, како и за транзициските трошоци кон трите пензиски друштва од вториот столб.

Во изминатата година пензиите беа покачени за 6000 илјади денари линеарно за секој пензионер и со тоа просечната пензија од 21.000 денари во септември 2024 се покачи на 27.000 денари во септември 2025 година.

Покачувањето и линеарното усогласување на пензиите во изминатата година се во насока на подобрување на животниот стандард на пензионерите и намалувањето на влијанието на инфлацијата врз истиот. Овие мерки на Владата се особено насочени кон подобрувањето на финансиската состојба кај пензионерите со најнизок износ на пензии.

Фондот на ПИОМ уште еднаш потенцира дека исплатата на пензиите не е доведена во прашање, таа ќе биде континуирана секој први во месецот и гарантира за стабилноста на пензискиот систем.
Фондот на ПИОМ укажува дека пензионерите, но и граѓаните не треба да подлегнуваат на политички шпекулации и информации кои се пласираат од политичките партии во опозицијата, а се со цел да ги вознемират и да ја нарушат довербата во Фондот како институција која со децении својата должност ја извршува навремено и професионално.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

Левица: Од милионски криминали до обвинение со максимум пет години – ДПМНЕ ја спушти “големата правда” за Груби и ДУИ на ниво на резил

Предраг Петровиќ

Две лица од Битола и Прилеп се уапсени поради предизвикување пожари

Шест активни пожари во Македонија, еден под контрола

Стоилковски: Филипче си ја злоупотреби внуката за јавно да лаже, во Гостивар никој не лажеше

Предраг Петровиќ

СДСМ: Мицкоски избега од пуштањето вода во Гостивар – истиот ден водата забранета во Демир Капија