Денешниот од серијата настани во организација на Плоштад Слобода насловени како „2014 прошетки (низ Центар)“ ќе се одржи во 18 часот, пред споменикот на Прометеј во Жена Парк.
На прашањето „Што би направил/а со 2.3 милиони евра колку што чини споменикот на Прометеј во Жена Парк?”, своите одговори ќе ги дадат истакнати уметници, младински активисти и популарни лица од социјалните медиуми.