Штипските пожарникари интервенираат на пожар во атарот на Горно Трогерци

Од:

Гори нискостеблеста шума, сува трева во атарот на селото Горно Трогерци, а огнот во моментов се движи во правец на село Долни Трогерци, изјави командирот на смена во Територијалната Противпожарна единица (ТППЕ)-Штип, Богданче Зарков.

-Од синоќа се гасне овој пожар, ние сме веќе трета смена на пожарникари. Направени се обрачи, пресеци со механизација околу селата. Во селото Горно Трогерци има четири фарми со добиток, не се во опасност, вели Зарков.

Посочува дека на терен се 14 пожарникари, вработени на ЈП „Национални шуми“, месното население кои од земја го гасната огнот. Инаку овој пожар се движи во насока на атарите на селата Долно Трогерци и Судиќ. Во градот Штип има чад и мириса на саѓи.

Би можело да ве интересира

Двајца пожарникари загинаа додека гасеа пожар во близина на Атина

Нема повредени при запалените куќи на Бит-пазар, полицајци сѐ уште присутни на лице место

Нов сомнеж за саботажа во Германија: Изгореа три градежни возила на градилиште на Рајнметал

Предраг Петровиќ

(ФОТО) Татко и син живи ќе изгореа во пожар во куќа во Белград – спасени во последен момент

А1он

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација