Штети на грозјето и праските во Росоманско од синоќешниот град

Од:

Невремето што синоќа го зафати регионот на Росоман проследено со град направи штета на грозјето и парските.

– Штетата е голема, оштетувањата според нас се стопроцентни кај лозјата и педесет отсто кај праските. Нема зборови со кои можеме да опишеме како се чувствуваме. И фотографиите кажуваат. Ги молиме надлежните да излезат на терен и да ги проценат штетите, речеВиктор Стојанов од Дебриште.

Драганчо Николов, советник во Подрачната единица на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството во Кавадарци, потврди дека штети има во атарите на росоманските Дебриште, Камен Дол и Манастирец. Рече дека уште денеска ќе излезат на терен за да ги согледаат состојбите и да им дадат препораки на оштетените.

Би можело да ве интересира

Најмногу дожд наврна во Крива Паланка, попладне локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

Торнадо ја погоди Словенија и остави пустош: илјадници луѓе останаа без струја

Температури над 40 степени, а потоа следува заладување

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Утре повторно силен ветер и нестабилно време со пороен дожд