„Шпански скали“ конечно на плоштад

Од:

„Амадеус Девелопмент“ е фирмата која ќе ги гради „Шпански скали“ на плоштад. На јавната аукција која се одржа денеска земјиштето каде првично требаше да се гради црквата Св. Константин и Елена го купи за 1500 евра за квадрат, или за 1046м2 плати речиси 1.600.000 евра.

Почетната цена за отуѓување на земјиштето беше 100 евра по квадрат а на повикот од министерството за транспорт и врски се јавиле уште две фирми. Зградата која ќе се гради на плоштад треба да биде готова за 6 години откако ќе им биде издадена дозволата за градба.Зградата ќе биде висока 16 метри или приземје плус три ката во барок стил.


tabela

Мнозинството советници во општина Центар ја одбија оваа идеја и гласаа против „Шпански скали“ да се градат на плоштад. Градоначалникот Жерновски посочи дека нема да дозволи уште еден габарит на плоштадот. По бурни реакци на ИВЗ првичната идеја на власта на плоштадот да се гради црква не помина, па така Св. Константин и Елена доби нова локаци пред домот на АРМ.

Со изградбата на новата зграда, во која ќе се вметнат и „Шпански скали“ ќе се уништи уште едно паркче долгогодишен симбол на Скопје-местото каде е родена Мајка Тереза или семејната куќа која е овековечена и со спомен куќа.
Majka tereza 01
Бојан Стојановски

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

A1on

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ

СДСМ: Со години ДПМНЕ переле пари преку Скопје 2014 врз грбот на народот

Куќен притвор за Владимир Тодоровиќ

Катерина Ѓуровски