Шкријељ: Се грижиме за најмладите, инвестираме во подобри услови и нови градинки

Од:

Владата предводена од СДСМ во континуитет инвестира во детската заштита, како еден од клучните столбови на детскиот развој. Од 2017 година, па до сега, отворени се 75 градинки низ целата држава, со опфат од околу 5.500 деца рече на прес конференција пратеничката на СДСМ Санела Шкријељ.

Важно е да се напомене дека дел од овие градинки се наоѓаат во рурални или во општини каде досега воопшто немало детски градинки.Само минатата 2022 година, изградени се нови или имало доградба на 10 градинки и тоа во општините Струмица, Гостивар, Берово, Демир Капија, Крива Паланка, Валандово, Сопиште, Ѓорче Петров, Аеродром и Кисела Вода. Како резултат на политиките на Владата предводена од СДСМ, вработените во градинките добија за околу 21% повисока плата. Со Колективниот договор за вработените во оваа дејност, платата на воспитувачките, негувателките и стручниот кадар во градинките од септември 2022 година, се покачи за 15 отсто вели Шкријељ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он