Шилегов за денот на животните: Скопје е единствениот град со јавно претпријатие за улични животни

Од:

По повод Светскиот ден на животните, вчера, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, го посети паркот за миленици спроти Нова Македонија, каде поразговара за одговорно сопствеништво, чипирање и стерилизација на домашните миленици со сопствениците на кучиња кои беа во паркот.

„Град Скопје е единствениот град со јавно претпријатие за улични животни, ’Лајка‘. Преку ’Лајка‘ се грижиме за бездомните животни на достоен и хуман начин. Граѓаните го паметат стационарот ’Вардариште‘ и хорор сцените кои веќе заминаа во минатото“, изјави Шилегов при посетата.

Шилегов со присутните дискутираше за нивните предлози и идеи во однос на состојбата со животните во градот, но и за одговорноста која Скопје ја има кон нив и за хуманиот третман. ЈП „Лајка“ е уште една убава приказна во редот со кој Скопје чекор по чекор заликува на вистинска метропола.

„ЈП ’Лајка‘ е многу повеќе од само стационар за кучиња. Тоа е место каде се лекуваат, третираат, вдомуваат и ресоцијализираат бездомните животни. Во ’Лајка‘, животните добиваат целосен хуман и ветеринарен третман, крвна слика, 4Д тест, тест за лишманија и поминуваат темелни проверки, пред вдомувањето. За разлика од минатото и ’Вардариште‘, ’Лајка‘ е место на радост и среќа‘, додава Шилегов.

Со поддршка на Град Скопје, новиот концепт и објектот на прифатилиштето на ЈП „Лајка“, на граѓаните им става на располагање сервис за бездомни кучиња кој никогаш досега го немале.

Светскиот ден на животните, воспоставен во 1925-та година, се одбележува секој 4-ти октомври, како ден на кој ја подигнуваме свеста за правата на животните и нивната добросостојба.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Трајко Славески не прифати седница за донирање на месечните паушали за Леонид

Предраг Петровиќ

Дива депонија во Визбегово, Арсовска најави кривични пријави

Стојановски: Утре изутрина од 4:45 часот јавниот градски превоз ќе продолжи нормално да функционира

Предраг Петровиќ

Советот на Град Скопје ја донесе одлуката за давање субвенции на ЈСП Скопје за 2024 година

Град Скопје: Вработените во ЈСП Скопје без плата, а граѓаните на Скопје без превоз

Левица: Итна седница на Советот на Град Скопје, Трудот на работниците во „Флораком“ и „Луна“ мора да биде исплатен

А1он