Шилегов: Правда ќе има, не може за четворица министри да има двојно повеќе анкетни листови

Од:

Петре Шилегов на прес конференција ги презентираше анкетните листови на четворица функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои имале поднесено по два анкетни листа, едни како министри, а други како пратеници.

„Ова купче на анкетни листови за имотната состојба на само 4-ца функционери од ВМРО-ДПМНЕ само по себе говори во каков апсурд криминалната власт го доведе функционирањето на државата и на институциите. И зошто премиерот и министрите од ВМРО-ДПМНЕ кои станаа пратеници треба кривично да одговараат.

Емил Димитриев поднел два анкетни листа, еден како премиер, друг како пратеник. Канческа Милевска исто, во еден анкетен лист е министерка, во друг анкетен лист е пратеничка. Тие внимавале пријавената имотна состојба да им се совпаѓа во двата поднесени документа. Најневнимателен бил Никола Попоски. Тој не само што поднел два анкетни листа, и како министер и како пратеник, туку не му се совпаѓа ни вредноста на пријавениот имот.

Министерот Попоски има стан во Брисел од 13 милиони и 800 илјади денари. Пратеникот Поповски има стан во Брисел од 14 милиони денари. Министерот Попоски има Ауди од 900 илјади денари. Пратеникот Попоски има Ауди од 860 илјади денари.

Сопругата на пратеник Попоски има за 10.000 евра поголеми заштеди во Белгија од сопругата на министерот Поповски. Исто така пратеникот Попоски има поголеми заштети од министерот Поповски во Стопанска банка, за 2.300 евра, има 100.000 денари на трансакциската сметка и има намален кредит.

Функционерите кои се и министри и пратеници си ги поднеле ваквите анкетни листови до Антикорупциската комисија, а што е уште поскандалозно, комисијата си молчи.

Во Изборниот законик јасно е наведено дека функцијата пратеник е неспоива со функцијата министер и дека со денот на верификација на мандатот за пратеник, функцијата министер им престанува по сила на закон.

Ова што го направиле министрите од ВМРО-ДПМНЕ кои се и пратеници, е кривично дело и затоа против нив поднесуваме кривични пријави и очекуваме сите налдежни институции соодветно да реагираат.

Граѓаните избраа правда и правична држава и такво општество ќе биде Република Македонија“ изјави Петре Шилегов од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Се најавува кредит од дури 6 милијарди евра, Владата ги турка граѓаните во должничко ропство

А1он

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче категоричен: Мицкоски бара алиби за предвремени избори, СДСМ нема да биде покритие за ова сценарио

Горан Наумовски