(ВИДЕО) Шилегов: Интерес на ВМРО-ДПМНЕ е да се докаже дали има жолти комбиња и чадори

Од:

Имајќи предвид дека Специјалното јавно обвинителство треба да гони кривични дела во специјален криминал, бараме да се изгласаат измените побарани од тоа обвинителство со цел да има непречена работа, рече пратеникот на СДСМ, Петре Шилегов.

– Сметаме дека политички интерес е на ВМРО-ДПМНЕ во правна постапка да се докаже дали има жолти комбиња, странски служби, чадори, меѓународен заговор против Македонија. Вие од партијата, или ќе го расчистите ВМРО-ДПМНЕ или ќе го оставите во историјата на Македонија како политичка партија на која ќе и остане дека е нарачател на прислушувањето во Република Македонија, рече Шилегов.

Според него, важно е оваа криза надвор од политичка, да има и правна разврсница, со што конечно ќе се дознае кој и по чив налог прислушувал во Македонија.

– Гласањето на овој закон во себе содржи сериозни политички пораки. СЈО е орган кој произлезе како резултат на договорот од Пржино, кој треба да помогне за надминувањето на политичката криза во која живееме изминатите две години. Наша должност е како одговорни луѓе да помогнеме на било каков начин да заврши кризата, рече Шилегов.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Правната држава е погребана, куќниот притвор за Груби е печат на дилот ВМРО–ДУИ

СДСМ: Дилот ВМРО – ДУИ му донесе куќен притвор на Груби

Горан Наумовски

СДСМ: Куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Кузеска за враќањето на Груби: ДУИ го спасува Мицкоски!

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ