Шилегов: Големите лаги на малиот Никола

Од:

Откако ќе ве најават за гостин во Европарламентот во Брисел, одите во една просторија, каде што, со аеродромски јазик кажано се чекирате и ви даваат налепница дека сте гостин (малиот Никола ја имаше извадено, да не го срами).

Потоа, проаѓате скенерска контрола (пак како на аеродром) и влегувате во зградата.

Од она што го видов, снимката на изјавата на Груевски е направена на третиот спрат од зградата, кај преминот кој се вика Константин Караманлис (сиц).

Тука е дозволено снимањето на сите акредитирани новинарски екипи.

Официјалните средби и снимки од нив (со претседателот на ЕПП и еврокомесарот Хан) се остваруваат и снимаат на друго место. И на сосема поинаков начин. Кафе пиење по канцеларии и сликање по ходници, не е официјална средба.

На средби на маргините, не се дискутираат сериозно сериозни прашања. Латентно. Го прашале: што правиш, како си, те закача ли Катица, ама изгледа многу ти е страв од неа и сл.

Потсетувам, дека во ЕПП (Европска Народна Партија), ДПМНЕ-то е примено како партија од ФИРОМ.

Значи, после неофицијални средби на маргините, со претставници на ЕПП, каде е примен како ФИРОМ, малиот Никола, го снимале пропагандистите кај преминот кој се вика Караманлис.

Толку за големите лаги на малиот Никола, напиша на својот Фејсбук статус Петре Шилегов.

Би можело да ве интересира

Романо Проди: Ако АфД победи на изборите во Германија, со ЕУ е завршено

А1он

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски

Мерц: „Не може проблемите на 21 век да се решаваат со буџет од 20 век“

Денеска истекува флексибилната примена на ЕЕС: Се очекуваат нови гужви на границите со ЕУ

Македонците се послаби од европјаните – во ЕУ 16,3% од луѓето се дебели, во Македонија 15,4 %

Горан Наумовски

Фон дер Лајен: Да нема забуна – Европа е нападната