Шеста крводарителска акција во Амбасадата на САД

Од:

Во Амбасадата на САД во Република Македонија денеска во соработка со Црвениот крст на Град Скопје се одржа шестата крводарителска акција и донација на храна, по повод 11 септември 2001 година кога се случија терористичките напади во САД.

Изразувајќи благодарност до сите граѓани, меѓу кои политичари, претставници на верските заедници, на невладини организации, на Универзитети, како и членовите на моторџиското друштво „Ноќни волци“…, кои денеска и во изминатите години на овој ден даруваа крв, амбасадорот Пол Волерс во обраќањето истакна дека не е важно од каде доаѓаат луѓето, важен е човечкиот елемент што не држи сите заедно како луѓе во моменти кога треба да си помогнеме.

– Граѓаните на Република Макеоднија се грижат за своите соседи, за иднината на својата држава, рече меѓу другото Волерс, изразувајќи надеж дека денеска ќе се постигне нов рекорд во собрани крвни единици и донации на храна.

Генералниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија, Саит Саити нагласи дека оваа активност потсетува, инспирира генерации, но и поттикнува на хуманост.

– Денешниот настан обединува генерации, различности и промовира солидарност. Едноставно потсетува на една голема мудрост која вели:дека човек е голем онолку колку што дава…, а може да дадеме многу, да помогнеме онаму кафе што е потребно, да покажеме и докажеме дека различностите спојуваат. Само доколку даруваме се стекнуваме со право и ние да бидеме помогнати, рече Саити.

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина во своето 150- годишно постоење, помогнале голем број имени и безимени лица. Според последните податоци на Меѓународната федерација на друштвата на Црвениот крст и Црвената полумесечина на годишно ниво активно се вклучени над 17 милиони волонтери, а како директни корисници се проценуваат околу 180 милиони лица.

Оваа година, под мотото „Мојата приказна во Црвениот крст“, и ние тука, истакна меѓу другото Саити, оставаме белег и создаваме приказна за денешново случување.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје, ќе се одржи генерална проба за симулациска вежба за земјотрес

Во знак на благодарност за солидарноста по земјотресот, училиште во Турција ќе го носи името на нашата држава

Орце Костов

Македонија собра еден милион и 150 илја евра за настраданите во катастрофалните земјотреси во Труција и Сирија

Катерина Ѓуровски

Црвениот крст ја обвини Европа за „двојни стандарди“ во однос на бегалците

Ана Ололовска

Град Скопје и Црвениот крст го промовираа проектот „Итно Копче“ за помош на лицата над 65 години

Ана Ололовска

Евакуацијата на цивилите од Азовстал ја потврдија и Обединетите нации и Црвениот крст

Катерина Ѓуровски