Шест пазарни денови во Кавадарци

Од:

Наместо три, шест пазарни денови ќе има во Кавадарци, информираа денеска од кавадаречкото јавно преторијатие „Комуналец”. Новото работно време на градскиот зелен пазар е во согласност со донесена од Совет на Општина Кавадарци за определување на работното време на пазарот, кој е во надлежност на Јавното претпријатие.
Почнувајќи од осми мај, пазарот ќе биде отворен секој ден од 6 до 16 часот, освен понеделник.

-Сево ова врз основа на одлуката за одредување на надоместок за користење на пазарниот простор и други погодности на јавниот пазар во Кавадарци со број 02-530/3, донесена од Управен одбор на ЈП „Комуналец” и дадената согласност за одредување на надоместок за користење на пазарниот простор и други погодности на јавниот пазар во Кавадарци, со број 08-2175/57, донесена од Совет на Општина Кавадарци, соопштија од комуналното претпријатие.

Донесен е и нов ценовник за користење на тезгите.

Би можело да ве интересира

Пожарот кај Раец е изгаснат, екипите на ТППЕ Кавадарци остануваат на терен поради превенција

Поради пожар, селото Дреново e без вода

Пожарот кај кавадаречкото село Раец сѐ уште е активен

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта

Пламнаа два нови пожари во Општина Кавадарци

Горан Наумовски

Реактивиран e пожарот во кавадаречко, два „ер трактори“ ангажирани во неговото гаснење