Шекеринска: Вечерва се надеваме на договор

Од:

По три и пол часа разговори, претставниците на политичките партии си заминаа од резиденцијата на Европската Унија во Пржино, на консултации со раководствата на партиите. Како што информираа, вечерва во 18.30 часот тие ќе ги продолжат преговорите.

Заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, кусо изјави дека се надева денеска да биде постигнат конечен договор, пишува Мета.

Како што дознаваме, претставниците на политичките партии, Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ, Радмила Шекеринска од СДСМ, Артан Груби од ДУИ и Имер Алиу од ДПА, разговараат за новата преодна влада, избирачкиот список и за реформите во медиумите.

Од преговарачките тимови се дознава дека ВМРО-ДПМНЕ е за формирање преодна влада 60 дена пред изборите, додека СДСМ бара доколку изборите се одржат годинава, владата да се формира 100 дена пред изборите. Ако, пак, се одржат заедно со локалните избори во 2017 година, СДСМ предлага извршното тело да функционира шест месеци пред денот на гласањето.

Сè повеќе се шпекулира дека на крајот од ноември или на почетокот од декември би можеле да се одржат предвремени парламентарни избори. Предлогот за ад хок комисија за оценување на работата на медиумите засега е во мирување, затоа што Здружението на новинари на Македонија не сака да учествува во тело во кое тие би добиле два члена, Македонската асоцијација на новинари уште два члена и еден независен експерт како заеднички предлог на двете новинарски организации.

Четирите партии засега се согласни да нема трет избирачки список, туку 40.000 спорни гласачи да се проверуваат прво теренски, а потоа самите да се пријават во Државната изборна комисија. Ако не се пријават до одреден временски период, тие ќе бидат избришани.

Преговорите на работните групи на политичките партии во Пржино се очекува да траат до доцна вечерва.

Би можело да ве интересира

Кисела Вода забрани семејните куќи во Пржино и Црниче да станат згради

А1он

Ѓорѓиевски се сомнева дека пожарот во Пржино бил подметнат

А1он

Голем пожар во Пржино, гори поранешно училиште

Кристијан Ландов

Уште две министерки побараа апанажа: Царовска молчи за плановите, Шекеринска размислува

Кристијан Ландов

Шекеринска: Принципиелно и чесно е да не учествувам во следната Влада

Ана Ололовска

Шекеринска – Брнз: Обуката на Лесната пешадиска баталјонска група со американски инструктори – важна страница во билатералната соработка

А1он