Шекеринска: Разговорот на Заев можеше да се спречи, ако се прислушуваше како што правеше Мијалков

Од:

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, смета дека службите не можеле да реагираат за да се спречи разговорот на премиерот Зоран Заев со лажните Столтенберг и Порошенко. Таа вели дека државата мора да се навикне на тоа дека ќе биде цел на хибридни, кибер, но и друг тип закани.

„Знаете кога службите би можеле да реагираат на такво нешто? Кога би го правеле тоа што го правеше Сашо Мијалков. Кога би ги прислушувале сите разговори на премиерот и да ги анализираат“, вели министерката Шекеринска.

На прашањето кој ќе преземе одговорнсот за разговорот на премиерот Заев со руските пранкери Вован и Лексус, Шекеринска рече „Знаете кој презема одговорност во НАТО за разговорот со генералниот секретар? Кој си замина од француската служба поради разговорот?“, додавајќи дека ваквиот тип закани ќе продожат.

„Целта е да го загрозат нашиот пат до членство во НАТО. Во такви ситуации нема да се бираат средства. Ова средство не е искористено само кај нас, туку и со генералниот секретар на НАТО, францускиот претседател, но и серија други луѓе во политиката. Чудно е прашањето како им успеало во Северна Македонија кога гледаме дека тоа им успеало со врвот на алијансата. Таков тип  трикови и закани ќе продолжат, а втора работа, со овој напад не е пробиено ништо што е наша безбедносна содржина. Ние треба да си ја менуваме безбедносната култура и десет пати да провериме. Овие разговори покажаа дека премиерот во секој разговор, на секое ниво, со секој соговорник ги држи истите позиции. Овие закани не се ништо ново, но ние ќе треба да се прилагодуваме на нив“, додаде Шекеринска.

Според министерката, единствена одбрана од ваков тип напади е да се престане со користење  телефони.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?