Шарената револуција утре рано ќе протестира пред полициската „Беко“

Од:

Демонстрантите од Шарената револуција најавија протест за утре во 8:45 пред полициската станица „Беко“.

Повикот за собир се појави откако по професорот Гордан Калајџиев МВР на информативен разговор ги повика Уранија Пировска и Мирјана Најчевска едни од најгласните противници на актуелната власт.

„Соборци и соборки,

Продолжува хајката и репресијата на режимот против борците за човекови права, против нашето право на протест, против секој/a од нас. Нашите соборки Уранија Пировска и Мирјана Најчевска, едни од најактивните заштитнички на човековите права во Македонија, се повикани на информативен разговор во полиција заради нивните протестни дејствија против автократскиот и корумпиран режим.

Продолжуваат мерките на заплашување врз слободната мисла, но тоа нас не јакне. Колку повеќе се обидуваат да не замолчат, толку повеќе не здружуваат и зајакнуваат. Нема да им помине, нашата порака е СТАВ НАМЕСТО СТРАВ – ЛИЦА НАМЕСТО МАСКИ!

Затоа, за да им покажеме дека нема да не запрат, ве повикуваме утре (среда) во 08:45 часот наутро пред полициската станица Беко во Скопје, да ги придружиме и поддржиме Уранија и Најче кои се повикани на “информативен” разговор и да упатиме уште една јасна анти-режимска порака.

Нема правда, нема мир, се гледаме утре во 08:45 часот пред полициска Беко!“, пишуваат на Фејсбук од Шарената Револуција.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Србија нема да има Шарена револуција

Шарените револуционери Савески и Куновски одново на обвинителна клупа

Васко Маглешов

По 3 години ќе се чисти бојата од шарената револуција на Јавното обвинителство

ВИДЕО: Најчевска казнета со 200 евра за фрлање боја

Сандра Бошковска

(ВИДЕО) Богоевски: Не давам оставка, јас сум легитимен претставник на Шарената револуција

Наум Локоски

Повторно одложено судењето за Мариглен Демири, следното рочиште закажано догодина

Наум Локоски